Целата работа е иницијатива на Викторија Нуланд која во посетата на Турција порача дека САД се подготвени да разговараат за враќање на Турција во „Ф-35 семејството“ доколку се реши прашањето за набавката на С-400.
Пред почетокот на војната во Украина турската набавка на не-американски и не-НАТО, па плус тоа и руски, одбранбен систем беше повод за едно најсериозните влошување на односите меѓу САД и Турција, што резултираше со шутирање на Турција од програмата за развој и продажба на следната генерација на борбени авиони Ф-35.
Во оваа програма, Турција учествуваше со производство на 900 делови за Ф-35, вклучително и трупот на авионот и инструменти во кабината. До сега Анкара ги отфрли сите барања за откажување од С-400 системот кој генерално се смета за закана за 5-та генерација западни воени авиони.
Откако беше отстранета од Ф-35 програмата, Турција се фокусираше на надградба на својата флота од застарени Ф-16.