Како изгледа трката за петто место во ЛШ и како лигите добиваат поени?

Две лиги ќе добијат дополнителни места во Лига на шампиони следната сезона како дел од проширувањето. Со моменталната состојба тоа би биле Италија и Германија. Дежурните критичари на Серија А на апарати.

Во новиот формат во ЛШ ќе има четири дополнителни места, а две од нив ќе ги добијат лигите со најдобри резултати во сите европски натпреварувања оваа сезона.

Со завршувањето на групните фази во ЛШ, ЛЕ и КЛ, полека почнуваме да добиваме јасна слика за тоа кои лиги би можеле да ги добијат двете места.

КАКО ФУНКЦИОНИРА НАЧИНОТ НА БОДУВАЊЕ?

Се зема предвид најдобриот просечен коефициент од сите тимови за секоја земја која има учесници во Европа.

Секоја победа носи два поени, нерешено носи еден, а поразот нула. Има и бонус поени за пласман до одредени фази со кои им се дава дополнителна важност на оние тимови кои остваруваат резултати.

Бонус поени во Лига на шампиони: 4 - Учество во групна фаза, 5 - Осминафинале, 1 - Четвртфинале, полуфинале и финале.

Бонус поени во Лига Европа: 4 - Прв во група, 2 - Втор во група, 1- Осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале.

Бонус поени во Конференциска лига: 2 - Прв во група, 1 - Втор во група, 1 - полуфинале и финале.

Збирот на добиени поени на сите клубови заедно се дели со бројот на клубови што една земја ги има во Европа во една сезона. Тоа го дава просечниот коефициент.

ЗНАЧИ ПОБЕДИТЕ НЕ ВРЕДАТ ПОВЕЌЕ ВО ЛШ?

Не, системот на коефициенти е направен да ја процени вкупната сила на лигите. Победите се исти во сите натпреварувања, инаку би било невозможно лигите со малку или без тимови во групната фаза во ЛШ да се искачат на ранг листата.

За лигите подобро е некои тимови да испаднат во групната фаза од ЛШ и да продолжат во плејофот од ЛЕ. Бонусните поени може да бидат пониски во ЛЕ, но секој двомеч има 5 поени за освојување (четири за резултатот и еден за напредок во следната рунда). Ако останат во ЛШ, може нема да минат осминафинале и имаат мали шанси да го дополнат коефициентот на земјата преку победи.

ДАЛИ ОВА ЗНАЧИ ДЕКА ДВЕ ТОП ЛИГИ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ДВЕ МЕСТА?

Ако погледнеме наназад во претходните пет сезони, Англија и Шпанија земаат дури 7 од 10-те слотови, додека Италија и Германија по еден.

Само во сезоната 2021/2022 Холандија како една од земјите со помалку од четири екипи во ЛШ заврши на првите две места со просечен коефициент.

Така што историјата покажува дека е голема веројатноста дека две од најдобрите лиги ќе имаат пет места во ЛШ следната сезона.

2022-23: Англија и Италија
2021-22: Англија и Холандија
2020-21: Англија и Шпанија
2019-20: Шпанија и Германија
2018-19: Англија и Шпанија

КОИ СЕ КАНДИДАТИ ЗА ОВАА СЕЗОНА?

По завршувањето на групните фази, ваква изгледа топ 10 листата:

1. Италија   14
2. Германија 13,64
3. Англија   13,63
4. Шпанија   12,69
5. Чешка     12
6. Белгија   11,60
7. Франција  11,58
8. Турција   10,50 
9. Холандија 8,60
10. Данска   8,50

На врвот е тесно откако беа доделени сите бонус поени за ЛЕ и ЛШ. Најтесно е меѓу Италија, Германија и Англија, а не може да се исклучи ниту Шпанија.

ЗОШТО Е ТОЛКУ ВАЖНА ПЛЕЈОФ РУНДАТА?

Необичноста на системот на коефициенти е тоа што резултира со нокаут плејоф рундата. Во суштина екипите од топ 32 во ЛЕ и КЛ додаваат поени на резултатите на националните асоцијации, но не и на самите себе.

Што е занимливо и важно како податок? Второпласираните екипи имаат можност да освојат повеќе бодови од првопласираните во групите од ЛЕ и КЛ.

На пример, победниците на групите во ЛЕ добиваат четири бонус поени, а второпласираните два. Но, второпласираните играат во нокаут плејоф рундата со дополнителни четири бода на располагање преку резултатите од секој натпревар, доколку победат во двата меча.

Вест Хем доби четири бода за освојување на својата група, а Фрајбург за второто место доби два. Доколку Фрајбург ги добие двата меча во нокаут плејоф рундата, вкупното додавање на коефициентот може да биде шест бода во споредба со четирите на Вест Хем.

Тоа значи дека лигите со повеќе клубови во нокаут плејоф рундата можат да го направат поголем резултат. Внимавајте на Франција.

ШТО ЗНАЧИ ЖДРЕПКАТА ВО БИТКАТА ЗА КОЕФИЦИЕНТИ?

За лигата да напредува треба да има што е можно повеќе тимови активни во нокаут фазите. Но сега ќе биде потешко да се постигнат резултат, бидејќи самите натпревари се потешки.

Серија А има седум претставници, а Германија, Англија, Шпанија и Франција по шест.

Лигата на шампионите

Со четири екипи кои сè уште во борба, Шпанија може да направи вистински пад. Нејзините тимови се соочуваат со ривали од Италија (Интер против Атлетико Мадрид, Наполи против Барселона), Франција (ПСЖ против Реал Сосиедад) и Германија (Лајпциг против Реал Мадрид). Сите ги играат реваншите дома.

Трите тима на Германија ќе се сретнат со Холандија (ПСВ против Борусија Дортмунд), Италија (Лацио против Баерн Минхен) и Шпанија.

Италија има уште три екипи, но сите мора да играат на гости во реваншот против противници од Шпанија и Германија.

Англија, пак, се соочува со тимови од Португалија (Порто против Арсенал) и Данска (Копенхаген против Мен Сити), без директна битка.

Значи, клучни ќе бидат битките во кои учествуваат тимови од Германија, Италија и Шпанија.

Лига Европа

Милан против Рен ќе биде важен, бидејќи Италија може да ги оштети надежите на Франција за понатамешен пласман, исто како и Ленс против Фрајбург за Германија. Другите два тима на Франција во рундата се соочуваат со противници од Португалија (Бенфика против Тулуз) и Украина (Шахтјор против Марсеј).

Белгија, Англија и Шпанија немаат тим во нокаут плејоф рундата, така што важните натпревари се тие два меча помеѓу Италија и Франција, и Франција и Германија.

Конференциска лига

Само една директна пресметка меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Унион Сент-Жилоаз од Белгија, може да стави крај на малите надежи на последната лига. Гент ќе се сретне со Макаби Хаифа.

Од Шпанија, Реал Бетис се падна со Динамо Загреб.

Чешка, Англија, Франција и Италија немаат тим во нокаут плејоф рундата.

КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛ ИЗЛЕЗОТ ВО ЕВРОПА АКО НА ПРИМЕР ПРЕМИЕР ЛИГА ОСВОИ ЕДНО ОД ПРВИТЕ ДВЕ МЕСТА

Тоа значи дека наместо седум, би имале осум места во Европа од кои пет во ЛШ.

Лига на шампиони: 1-5 место
Лига Европа: 6 место плус освојувачот на ФА Купот
Конференциска лига: Освојувачот на Карабао Купот

Ако победник на Куп заврши во топ 6, европските места би можеле да паднат на седмо и осмо место на табелата.

Бидејќи Германија, Италија и Шпанија имаат само едно Куп натпреварување, седмопласираниот би играл Конференциска лига.

Ако некој тим освои ЛЕ и не се квалификува во ЛЕ преку првенство, таа лига може да има шест претставници во ЛШ, пет места од табела плус освојувачот на ЛЕ.

19 декември 2023 - 14:03