Наводно Путин два или три дена претходно бил известен од безбедносните структури дека му се подготвува бунт, па како резултат на тоа се преземаат мерки за засилување на неколку клучни објекти, вклучително и Кремљ, каде се зголемува бројот на телохранители и оружје кое им е поделено. Но освен ова не е направено ништо друго.
„Путин има време да донесе одлука за ликвидирање на бунтот и апсење на организаторите. Но кога почна бунтот настапи парализа на сите нивоа... Апсолутен хаос и конфузија. Долго време тие не знаеа како да реагираат,“ пренесува Пост изјава од анонимен европски извор.
Отприлика слична верзија е потврдена од повеќе функционери од различни западни влади, а таа е идентична со она што го изјави и првиот човек на ЦИА, Вилијам Брнс, според кого безбедносните сили, војската и клучните луѓе за време на бунтот како да оставиле целата работа сама да тера.
Заради недостатокот на наредби од горе, локалните функционери биле оставени сами да одлучуваат како ќе постапат, па тие решија да не се обидуваат да ја запрат тешко вооружената колона на Вагнер, што резултираше со освојување на Ростов, а подоцна и Воронеж.
Ваквото однесување на руските офицери делумно е и заради уверувањето дека бунтот на Вагнер не е можно да се случува без некаков договор со Кремљ, без разлика на говорот на Путин кој вети остра акции против бунтовниците.
За портпаролот на Кремљ, процените што ги објавува Пост се „безвезни“ и нив ги шират луѓе „кои имаат нула информации“.
Пост смета дека дел од парализираноста на Путин се должи на стравот од врските и поддршката што Пригожин ја има во безбедносниот и воен апарат на земјата, кој не се согласува со начинот на кој се води војната во Украина, и исто така сака смена на Шојгу и Герасимов.
Поранешниот полковник на руските тајни служби, а моментално во егзил од Русија, Генадиј Гудков, за Пост тврди дека во бунтот „Путин се покажал дека не е човек кој може да носи сериозни, важни и брзи одлуки во клучни ситуации. Ова не го знаеше најголемиот дел од рускиот народ, но им беше многу јасно на членовите на елитата на Путин.“