ЕУ уште не може да се прибере од себе-честитање што извади 50 милијарди за помош на Украина, а веќе парите изгледаат како капар за многу поголема исплата.
Како што сега стојат работите, ако се продолжи по старо, 2024 најверојатно ќе биде идентична на 1916, годината од Првата светска војна која однесе незапаметен број на жртви а донесе многу малку напредок на военото поле, смета Њујорк тајмс.
Руските државни резерви, во износ од 191 милијарда евра, кои по почетокот на војната во Украина се најдоа заглавени во Еуроклиар и годинава сакале-нејќеле донесоа милијарди евра профит за компанијата само од седење таму.
Кога пред некоја година европските креатори на политики ги фати паника дека ќе нема гас за следната зима, наложија да се накрцкаат складиштата. И се накрцкаа, ама по ужасно големи цени кои и ден-денес ги држат сметките за домаќинствата високи. Мудрите европски глави решиле за течен гас да се потрошат 1,1 трилион долари, двојно повеќе отколку што би било потребно за да се обнови Украина.
Запрашан дали има намера да го смени генералот Валериј Залужниј, украинскиот претседател одговара дека следуваат отпуштања на голем број највисоки украински функционери и дека се работи за „правец на раководење на државата“ а не само за смена на генерал.
Успесите што Украина во 2022 ги имаше кај Киев, Харков и Херсон ветуваа неизбежен успех на уште подобро подготвуваната и опремена летна контраофанзива во пробивање на руските линии и конечно враќање на окупираната украинска територија. Контраофанзивата почна и заврши, однесе илјадници животи на двете страни, не донесе никаков успех.
Во Франција беа испратени оклопни возила да го заштитат пазарот во Париз за продажба на земјоделски производи на големо, во Брисел земјоделци опколија згради на ЕУ, Германија беше блокирана од трактори, а на протести се кренаа и земјоделци од Италија и Грција.
Четири години по набавката САД и понатаму е упорен дека Турција треба да се откаже од рускиот С-400, а стимул за тоа е дека Вашингтон ќе се прави како ништо да не било и пак ќе ги вклучи Турците во Ф-35 програмата.
Војната во Украина не е добра само за американскиот воено-индустриски комплекс, како што обично во САД се правда масовното праќање оружје на Украина, од аспект на зголеменото производство и работните места во тој комплекс. Затоа што и Русија има воено-индустриски комплекс. ММФ сега тоа го признава и ги менува прогнозите за Москва.
Украинскиот претседател се откажал од смената на генералот Валериј Залужниј, барем за сега, откако добил закана дека заедно со Залужниј ќе заминат и највисоките офицери на украинската армија.
Првиот човек на норвешките вооружени сили предвидува дека Западот има две до три години за да се подготви за војна со Русија, Трамп победува на Њу Хемпшир, а Путин кон крајот на минатата недела се појавува во Калининград, сето ова аналитичарот на Телеграф го смета за причина што Британија за прв пат по децении е преплашена од започнување на Трета светска војна.
Како што блокадата на Републиканците за нова воена помош за Украина се одолговлекува во четврти месец, администрацијата на Џо Бајден најде итар начин да им доставува оружје и муниција на украинските сили. Им даваат оружје и воена опрема на Грците за овие потоа да им даваат на Украинците.
Последно што објави Гардијан е дека Зеленски побарал од Залужни да даде оставка но популарниот командант на украинските вооружени сили одбил па се очекува да биде сменет. Ако е вистина тоа, Ким Дотком има една морничава верзија што се случува зад кулисите на оваа битна кадровска смена. Според него, конците ги влече „вистинскиот претседател на Украина,“ Викторија Нуланд.
Ако Киев сака да стави крај на војната и руската инвазија, Украина мора да се откаже од дел од својата територија, е пораката на новиот словачки премиер Роберт Фицо.
Владимир Зеленски стана махер да доаѓа до пари за Украина кога треба да се убедуваат државници чија работа е да располаѓаат со туѓи пари. Европјаните и Американците уште немаат пресметано колку пари од нивните даноци вкупно имаат отидено за Киев и војната против Русија. Но, кога се работи за приватни пари, работата оди малку потешко.
Летово Украинците не успеаа да ја пробијат руската одбрана која можеше да биде толку успешно поставена исклучиво благодарејќи на времето што Русите го имаа за да работат на нејзе. Да беше до Украинците, контраофанзивата ќе почнеше многу порано.
55-годишниот Лира кој во мај 2022 беше уапсен од украинските власти заради критикување на Зеленски и проруски ставови споделени на својот Јутјуб канал, деновие умира во украински затвор.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, САД имаат испратено оружје и воена опрема за Киев во вредност од 44 милијарди американски долари. Притоа, не баш најревносно следење каде тоа оружје завршува. Дошло време за пребројување и сметката вели дека недостасува оружје вредно една милијарда долари.
Минатиот месец е одржан таен состанок меѓу група од седум сојузници на Украина, помала група на претставници на глобалниот југ и Украина, на кој требало да се собере поддршка за условите за мир што ги има Киев.
Две одделни видеа, двете од украински извори и двете повикуваат на освестување на украинскиот народ околу ситуацијата во која се наоѓа државата, војната и непријателот од кого треба да ја спасат својата татковина.