На Украинците им треба освестување против кого се борат и колку имаат загубено

Две одделни видеа, двете од украински извори и двете повикуваат на освестување на украинскиот народ околу ситуацијата во која се наоѓа државата, војната и непријателот од кого треба да ја спасат својата татковина.

Во првото, украински ветерани пресретнати од официјалниот наратив на Киев и Западот за неспособни и лошо вооружени руски војници, имаат контра прашање: Ако Русите се тиња а ние губиме од Русите тогаш што сме ние?

На објаснувањето на еден од украинските ветерани: „Кој ви рекол дека се полошо вооружени? Слушај, треба да престанете дома да ги гледате ТВ маратоните и сè ќе се смени. Каква таква реалност ќе стигне до народот,“ се надоврзува негов поранешен соборец кој порачува „ќе ви кажам дека руската армија не е ништо полоша од украинската, дури е и подобра. Едно, технолошки помоќна. Второ, подобро опремена. Подобро оружје, подобра опрема од украинската. Зошто мислите дека е полоша?“


 

Во второто видео, поранешниот министер за внатрешни работи на Украина (во времето на Јулија Тимошенко) и поранешен главен јавен обвинител, Јуриј Луценко, бара од Киев конечно да го соопшти бројот на загинати и сериозно ранети Украинци (по негови бројки 500.000, или по 30.000 на ден).

„Инаку е невозможно милионите Украинци кои се кријат зад најразлични бајки да излезат од комфорната зона дека секој друг може да служи освен мене.

Треба искрено да се каже, дека бројката од 500.000 за која сега се зборува е еднаква на 30.000 месечно. И тогаш ќе имаме отприлика јасна слика што се случува на фронтот. Загинати и сериозно ранети,“ порачува Луценко.

Тој смета дека „бајката“ според која Украина се бори против глупи и неспособни Московјани, дозволила милиони Украинци да ја напуштат од својата татковина самозалажувајќи се дека кој било друг може да ја истера таа војна, „освен јас и син ми.“

10 јануари 2024 - 10:35