Претходно необјавениот состанок се одржува во Саудиска Арабија и бил насочен кон глобалниот југ кој требало да биде разубеден од тврдењата на Москва дека Украина и нејзините сојузници се против мир.
Презентирањето на украинската страна на приказната пред остатокот од светот се случува во време кога Брисел и Вашингтон не можат да протераат околу 100 милијарди долари помош за Киев, европските држави не ги исполнуваат ни претходно одобрените квоти за помош, а украинската контраофанзива е целосно пропадната.
Блумберг пишува дека на средбата немало никаков поголем напредок бидејќи Украина и западниот блок ги одбиле барањата на глобалниот југ земјата директно да разговара со Русија.
На состанокот освен делегацијата од Саудиска Арабија, присуствувале и Индија и Турција, но Кина и Обединетите Арапски Емирати не испратиле свој претставник иако учествувале на претходните средби кои беа во поширок состав.
На слична тема, ама во многу поширок состав од околу 100 држави, следната недела треба да се одржи состанок во Давос, на кој повторно ќе се промовира позицијата на Киев која треба да се постави „како основа за кој било иден разговор со Москва.“
Позицијата на Киев и Западот и пред и по состанокот е дека секој мировен договор треба да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, кој за сега е нарушен со присуство на руска војска на 20% од територијата на Украина.
Од друга страна Путин изразил подготвеност да се стави крај на конфликтот „но само под наши услови“, кои вклучуваат смена на Зеленски и масовно намалување на одбранбените капацитети на Украина.
На средбата во Ријад сите учесници се согласиле дека Украина има право да се брани себе си и се согласиле да ги поддржат клучните принципи на ОН, вклучително и територијалниот интегритет на државите и меѓународните закони.