Огромен арсенал оружје во вредност од повеќе од 1 милијарда долари што САД го испратија во Украина е исчезнат, признава новиот извештај на Пентагон.
Куп дронови, базуки, уреди за ноќно војување и други видови оружје - вкупно 40.000 парчиња - едноставно не се знае каде завршиле заради слабиот мониторинг на американските добавувачи.
Од почетокот на руската инвазија, САД испратија повеќе од 44 милијарди долари воена помош за Украина. На добар дел од оружјето кое недостасува му се губи трага во воениот логистички центар на САД во Полска.
Американците се надеваат дека нешто од тоа оружје можеби стигнало до украинското бојно поле, но не било правилно евидентирано. Пентагон признава дека следењето на испратената опрема веројатно само ќе стане потешко со текот на времето, со оглед на кумулираната количина која се испраќа од Вашингтон.
Од минатиот јуни, САД ѝ доставиле на Украина над 10.000 противтенковски ракети Џавелин, 2.500 проектили земја-воздух Стингер, околу 750 беспилотни летала Камиказе Свичблејд, 430 проектили воздух-воздух со среден дострел и 23.000 уреди за гледање ноќе