Не верувам дека постои друга земја (кандидатка за членство) што е позаслепена од Европската Унија. Златното време на европското среќно семејство е дамнешно минато, но ретко кој сака да го признае тоа. Особено не тие што се внатре и оние што имаат интерес од таквото здружување. Сите што не се дел од него, негуваат слика на семејна идила, благосостојба, здравје, напредок, солидарност… ЕУтопија, земја што не постои, ама е убава бајка за продавање на сиромашните и несреќните. Тие очекуваат еден убав ден да бидат „посвоени“, небаре сирачиња.
Тоа што Украина ги започна преговорите со ЕУ не е резултат на никакви реформи (кои, пак, стануваат и невозможни во воена состојба), туку на грабање на „коската“ од пред „Мечката“. И притоа, замислете, од тој народ што веќе има околу половина милион жртви и изгубено повеќе од третина од територијата очекуваат прво да ја победи Русија, а потоа ќе биде примен во „среќното семејство“! Олигарсите и корпорациите веќе си ги имаат обезбедено економските интереси во таа намачена земја.
Пред неколку дена го слушав Јанис Варуфакис, кој брутално точно и јасно ја изрече пресудата: демократијата е готова (мртва) во Европската Унија! И во право е, бидејќи додека некој зборува за добивање војна и заграбување (нечиј) плен, тој не може да биде демократ. Воената демократија е оксиморон, а секој што верува во неа е само морон.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.