Веста која ја дознал од таткото на Лира ја објави Такер Карлсон, а подоцна истата ја потврди и Стејт департментот на САД.
Лира живее во Украина уште пред руската инвазија на земјата, а по почетокот на војната тој успева да собере значително внимание и публика на Јутјуб критикувајќи ги владата и претседателот на Украина, во добар дел неосновано и неиздржано. Тој отворено ја опиша и руската операција како „една од најбрилијантните инвазии во воената историја“.
На 1-ви мај Лира беше уапсен во својот стан во Харков од СБУ пред да биде ослободен со условна казна. По ова тој објавува видео во кое објаснува дека ќе се обиде да ја напушти Украина, по што повторно беше уапсен заради наводно прекршување на условната казна.
Според украинските власти Лира е уапсен заради „оправдување на руската агресија против Украина,“ што е прекршување на членот 463-2 од кривичниот закон на земјата.
Смртта ја потврди и американскиот новинар Алекс Рубинштајн, кој објави и пишана порака од Лира, во која тој пишува дека од октомври им се жали на затворските власти дека има пневмонија и оток, за која прв пат бил виден од доктор дури на 22 декември.