Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Боцевски: 2027-ма година е новата 2023-та

19 јануари 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Не би се повторувал ни околу јавно исфрлениот датум – 2030 година – како потенцијален датум за целосна интеграција на Западен Балкан во Унијата. Секоја заложба што го надминува мандатот на политичарот што го дал тој збор треба веднаш да се отфрли. Тоа, во најдобар случај, е едно добро и искрено ветување, но во најлош случај е празнословие и манипулација со јавноста.
  • Случајот со доделувањето кандидатски статус на Украина, кога не беше постигната едногласност и кога една земја членка (Унгарија) беше замолена да излезе од просторијата каде што се одлучувало, дополнително го нагриза интегритетот на процесот на европска интеграција на Западен Балкан, интегритет во кој сè помалку и помалку се верува во регионот. Особено болно беше тоа во случајот на Македонија, каде што јавноста побара одговори од ЕУ како тоа никој не се сети со години да ја замоли Грција да прошета, а ни сега не слушаме дека некој им понудил филџан со кафе на Бугарите надвор од просторијата каде што се одлучува да ѝ биде доделен датум за преговори на Македонија.
  • Освен низ призмата на Украина, во Брисел никој не се занимава со темата европска интеграција, а Западен Балкан никој не го допира ни со десетметарски стап. Оттука, нејасно е зошто воопшто се троши време на беспредметни дискусии.
извор

Почина Мишо Хрњак од Азра

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
  • Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна. 
  • Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка. 
  • Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
извор

Еверест веќе не е највисоката планина?

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
  • Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
  • Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
  • Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

4

Почина Мишо Хрњак од Азра

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Почина Мишо Хрњак од Азра

4

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

Почина Мишо Ковач

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како се асфалтира улица во Битола

Зошто Библијата е толку лошо напишана?

Роџер Вотерс ѝ одговори на Олена Зеленска

Десет совети за пишување на Маргарет Атвуд

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy