Што да се направи кога во една средина ќе се појават екстремистички групи кои се обидуваат да шират омраза? Да се земат работите во свои раце, и да се покаже дека не се сите исти.
Американски скаут, ловец на бизони, шоумен, слободен масон, Бафало Бил е еден од најживописните ликови на американскиот Див запад. Неговите шоу програми на каубојски теми биле вистински хит, но не само во САД, туку и во Европа. Ништо чудно да бил и во Македонија, а тоа никаде да не е регистрирано.
Како што политичарите можат да станат комични, така и комичарите можат да станат политичари, пишува Андреј Ивањи во најновиот број на „Време“. Разликата е во тоа што комичните политичари се несакајќи комични и по правило паѓаат од власт, додека комичарите ширум светот покажуваат дека знаат како да ја зграпчат.
Во март 1832, Оноре де Балзак добил писмо на својата париска адреса. Жигот бил од Одеса во Украина, но немало информации за испраќачот. Содржината била остра критика на тогаш нов роман на овој автор, од страна на жена во која Балзак наскоро ќе се заљуби.
Започнал како снимање филм, а прераснал во огромен проект во кој учесниците јаделе, работеле и спиеле на сет историски лоциран во поранешниот Советски сојуз. И тоа со години.
Во Струга деновиве ќе престојува поет кој зад себе има интересна семејна историја и творештво кое било забранувано во неговата татковина. На младите поети им советува интелектуална љубопитност, но не и „работа“ во класичната смисла на зборот.
Украинските власти, заради големиот број сообраќајки, спроведуваат кампања, „Преземи контрола“. Главни авторитетни ликови во неа се - старите украински писатели.
За нас, од сончевиот југ, тоа да си во мрак и мрак да те облива е неприродна состојба, рамна на искушение или казна. А и генерално, архетипски темнината не крие ништо добро. Ама дојде време во неа да се бара спасот.
Уште еден одличен филм на Звјагинцев по „Враќање“ и „Левијатан“, после кој не можете веднаш да одлучите како се чувствувате, и дали и што сте научиле од неговата морничава приказна. Отприлика исто како и сите ликови во него, кои никако да излезат од лимбото на нељубов, и одлучно да пресечат - или вистински и пожртвувано да сакаат, или барем активно да му се спротивстават на она што го мразат.
Фридрих Енгелс живеел две децении во Манчестер. Страшните услови за работа во тогашната колевка на индустриската револуција биле поттик за неговите дела. Но градот никогаш не му се оддолжил. Сè до сега.
Уште од мали нè учат дека „мори“ и „бре“ се навредливи, и никако не смеат да се користат особено за обраќање кон постари. Синан Гуџевиќ, брилијантен како и секогаш, не само што ни ја покажува славната историја на овие „узречици“, туку и дека тие нè спојуваат како балкански културен простор. Бре, бре..
Комбинација на рокенрол ѕвезда и поетски бард, Гребеншиков бил еден од оние кои во времето на СССР свирел „западна" музика со откачени стихови полни сатира и мистицизам. Деновиве има концерти во САД, по повод новиот албум кој зборува за современа Русија и конфликтот во Украина.
Рок Морин, предавач по психологија на Сити колеџ во Њујорк, има започнато интересен проект - Светски атлас на соништа. Преку социјалните мрежи тој собира сништа на луѓе од цела планета, и се обидува да најде нешто заедничко во нив, и на ниво на култура, и на ниво на човечка потсвест.
Пред некое време пишувавме за Брендон Стентон и неговите фото-портрети на жителите на Големото јаболко, кои придружени со кратки приказни за нивниот живот привлекоа огромно внимание. Сега тој почнува нов проект, со слична содржина, но во области погодени од војна и сиромаштија.
Британците се познати по необични книжевни награди. Награда за лош секс во фикција за „најзасрамувачките пасуси на сексуален опис во роман", „Секирче на годината" за најостра книжевна критика, но и наградата Дијаграм, за најчудниот наслов на книга на годината.
Текстов може да ви се допадне од три причини: ако сте по фудбалот, ако сте по пивото, или ако сте по добрите анализи на транзициско-глобализацискиот помор на „автентичноста“. На пример на автентичното, „наше“ пиво, кое сега не знаете дали доаѓа од Белгија, Данска или од Боливија.
Да не беа светите браќа кој знае со кое писмо ќе го пишувавме овој текст. Но најстарата позната словенска азбука која тие ја создале, не е кирилицата, туку глаголицата. Токму на ова писмо е напишано Евангелието од Ремс (Évangéliaire de Reims), богат илустриран ракопис со древно словенско потекло, врз кој се заколнувале француските кралеви.
Каша е една од најинтересните личности кои ги познавам. Родена во Полска, половина живот го има поминато во патувања, пакувања и селења – од Африка, преку Швајцарија, до Индија.
Кога пред изборите слушнав дека се составува листа на потенцијални пратеници предводена од професор по филозофија и од колумнист, искрено се израдував.
Ренато Баретиќ е првиот кој во Букбокс е застапен два пати. Има и зошто – откако нè освои со Осмиот повереник (осврт за него тука) и со непосредноста во преписката по мејл, со нетрпение го дочекавме македонскиот превод на неговиот најнов роман, Хотел Гранд.