Белгија се сврте кон внатрешна убавина, буквално

Во Белгија заврши изборот на Топ жена фокусиран на внатрешната убавина и телесната позитивност на учесничките.

Ги имало 60 што се натпреварувале за оваа титула и складно со мисијата на натпреварот тие биле на возраст од 23 до 64 години.

„Вистинската убавина не доаѓа од совршеното тело кое одговара на она што општеството го диктира, туку од тело кое раскажува приказна.

Жена која е добра во својата глава, добра во своето тело, жена која едноставно е 'вуау',“ објаснува основачката на Топ жена, 56-годишната Натали Де Рук.

Де Рук е поранешна манекенка која откако заклучува дека бизнисот е премногу тежок и деструктивен за жените во 2014 ја основа програмата Топ жена. Таа е и претседателка на жирито и објаснува дека за изборот на победничка не е важен изгледот туку однесувањето и еволуцијата на учесничката.

Изборот е крајниот дел од програмата во која учесничките 9 месеци „се откриваат и прифаќаат себе си“, а во исто време учат и малку стилизирање и разгалување на самите себе.

30 мај 2024 - 09:59