Комичари во политиката: кој последен се смее...

Како што политичарите можат да станат комични, така и комичарите можат да станат политичари, пишува Андреј Ивањи во најновиот број на „Време“. Разликата е во тоа што комичните политичари се несакајќи комични и по правило паѓаат од власт, додека комичарите ширум светот покажуваат дека знаат како да ја зграпчат.

Не ни е ич необично за пар години, на следните избори Стево да биде победен од некој лик од „Вчерашни новости“, или од фиљан стенд-ап комичарка која допрва треба да се појави. И ова не е невозможно ако се земе предвид трендот на популарноста на комичарите во политичките контексти на земји кои се соочени со стопанска и политичка криза, и каде етаблираните политички партии го имаат загубено кредибилитетот. Сите елементи кои сосема одговараат и на нашиот.

Комичарите ги засмејуваат луѓето и им поттикнуваат оптимизам и бранови серотонин тогаш кога ним тоа најмногу им треба. Освен тоа, по правило влегуваат во политиката како тотални аутсајдери кои му пркосат на политичкиот естаблишмент или го презираат постоечкиот систем, давајќи ѝ на јавноста можност за трета опција.

Еве како некои од нив ја пласират дозата на хумор со доза ветувања какви што бирачите сакаат да слушнат, и успеваат во поголем или помал степен во своите политички амбиции.

Владимир Зеленски (Украина)

Новиот претседател на оваа земја се прослави во сатиричната телевизиска серија „Слуга на народот“ во која играше неподмитлив и трудољубив претседател. Како во класичен пример на „уметноста (посакува да) го имитира животот - животот ја имитира уметноста“ го постигна она што многумина го сметаа за невозможно: доби мнозинство во прорускиот источен и јужен дел на земјата и во централна Украина, и победи во три четвртини изборни единици.

Зеленски прво зборувал руски а дури во 2017 почнал да учи украински. Заради тоа е подобен за различни групи, плус се залага како за пристапување кон ЕУ, така и за дијалог со Русија.

Јон Гнар (Исланд)

Во 1990-тите почнал кариера на државното радио во ситкомот „Хотел волксваген“, а подоцна настапувал и на телевизија и на филм.

Кога во 2008 колабираше исладскиот банкарски систем, Гнар ја основа „Најдобрата партија“ и стана градоначалник на Рејкјавик. Во изборната кампања ветуваше бесплатни крпи на базени и поларна мечка во зоолошката. Вети и дека ќе ги прекрши сопствените ветувања. Па сепак неговиот наследник има најдобри зборови за него. Во 2014 не се кандидираше за втор мандат, и почна да снима ТВ комедија „Градоначалникот“ во кој глуми - градоначалник на Рејкјавик.

Бепе Грило (Италија, фото горе)

Пионер на продорот на комичарите во политиката. Во 1980-тите бил еден од најпопуларните во Италија. Заради своите зафрканции на сметка на политичарите е исфрлен од телевизијата, па со голем успех по театрите тогашниот премиер Романо Проди го нарекуваше „Алцхајмер Проди“, а Силвио Берлускони „џуџе-психопат“. При еден јавен перформанс ги пцуеше италијанските политичари од 20 метри висок кран во центар на Рим. По основањето на „Движењето пет ѕвезди“ на парламентарните избори 2018 победи и формираше влада со десничарската „Лига“. Бараше да се прекине прилив на мигрантите, ветуваше поголеми и порани пензии и се закануваше дека нема да ги плаќа италијанските долгови.

Заради автомобилската несреќа која ја предизвика и заради која е осуден во 1981, Грило не смее веќе да врши политичка функција, но се уште е во Движењето Пет ѕвезди.

Џими Моралес (Гватемала)

На петнаесет години бил најпознатиот комичар во земјата. Настапувал со братот Семи во тв скечеви под име „Шоу на Моралесови“.

Од нигде никаде во април 2016 се кандидирал за претседател на државата, а половина година подоцна ги добил изборите. Настапувал со програма на шест страници со одредби како „секој наставник треба да носи Џи-пи-ес за да се знае ако отсуствува од настава“, и „секое дете треба да добие смартфон“. Слоганот му гласел „Ни корумпиран, ни крадец“, но сепак во последниве месеци се наоѓа сред скандал поврзан со илегални изборни донации.

Мартин Зонеборн (Германија)

Сатиричар кој 2004 основал партија под име „Партија“. Десет години подоцна, со само 0.6 посто гласови влегол во Европскиот парламент. Има добри шанси на европските избори на 26 мај да го повтори тој успех.

Хајк Марутијан (Ерменија)

Еден од најпознатите комичари на Ерменија, во септември 2018 станал градоначалник на Ереван со 80% освоени гласови. Во текот на истата година ја поддржал успешната „кадифена револуција“. Приоритет му е градскиот сообраќај, зелените површини и поправањето лифтови.

Марјан Шарец (Словенија)

Се прославил низ Словенија со имитации на Осама бин Ладен, Фидел Кастро и Јанез Дрновшек. Во 2010 влегол во политиката и станал градоначалник на Камник. За претседател се кандидирал во 2017 и тесно загубил во вториот круг. Но тоа не го обесхрабрило - една година подоцна неговата „Листа Марјан Шарец“ станала втора по сила партија во парламентот, а во август 2018 застанал на чело на малцинска влада. Се залага за легализација на марихуана, права на хомосексуалците и го поддржува правото на абортус.

извор

10 мај 2019 - 09:28