„Кога известувам морам тоа да го правам во контекст - ако зборувам за геноцид морам да повлечам линија помеѓу жртвата и агресорот“, вели таа, посочувајќи книги кои ѝ помагаат во понекогаш тешката новинарска задача: да се сфати што по ѓаволите се случува, и тоа да се пренесе колку-толку верно.
1. „Петар Велики: неговиот живот и неговиот свет“ од Роберт Маси
Се обидувам да читам колку што е можно повеќе историја, а кога работев на руската инвазија на Крим и источна Украина го проголтав овој масивен том. Дури му ја испратив руската верзија на Владимир Путин! Тој е од Санкт Петербург и сака да тврди дека е наследник на Петар Велики. Но открив дека Петар бил многу прогресивен и ориентиран кон запад. Маси е одличен историчар и раскажувач.
2. „Тагата на војната: роман за северен Виетнам“ од Бао Нин
Како воен известуваш имам читано голем број сведоштва кои денес се класици. Оваа книга ја купив кога го посетив Виетнам во 1997. Таа е еден од ретките романи за грозната војна напишана од перспектива на северно-виетнамски студент. Брутална, е, срцекршачка и очајно хумана. Преведена е на запад десет години пред да може да се објави во Виетнам.
3. „Некогаш бевме војници...и млади: битката која ја смени војната во Виетнам“ од полковник генерал Харолд Мур и Џозеф Галовеј
Оваа книга е другата страна на „Тагата на војната“, приказна за една сурова битка во Виетнам раскажана од американска перспектива. Мур бил командир на војниците кои биле исфрлени со падобрани во џунглата, а потоа обиколени од многу побројни северно-виетнамски трупи. Новинарот Џозеф Галовеј имал пристап до трупите, сведочејќи ја оваа очајна битка за опстанок. Ми се допаѓа заради приказната на херојското новинарство.
4. „Плачи, сакана земјо“ од Алан Патон
Приказна за еден Зулу пастор и неговиот син, среде хоророт на апартхејдот во Јужна Африка. Тоа е трагична но истовремено и прочистувачка приказна за човечкото достоинство, убаво вткаена во контекстот на тоа време. Напишана е во 1948, а ја прочитав кога бев студентка во раните 1980-ти, кога Јужна Африка беше големата морална приказна на нашето време. Сонував да бидам странски дописник и да појдам таму.
5. „Знам зошто заробената птица пее“ од Маја Ангелу
Длабоко лична приказна за уништување на цел народ во најважната демократија на светот. Тоа беше прва книга од Ангелу што ја прочитав, кога бев многу млада, и до денес не можам да ја сфатам неморалноста на условите во кој живеел нејзиниот народ. Таа е важна и релевантна и денес, повеќе од секогаш.
6. „Интервју со историјата“ од Оријана Фалачи
Затоа што сакав да бидам таа! Фалачи останува најголемиот политички новинар на сите времиња. Не се согласив со нејзиниот став околу настаните кои се случија на 11 септември, но никој не може да се мери со нејзината храброст и длабоко знаење кое го вгради во сите нејзините интервјуа. Сакав да бидам таму кога таа го симна превезот во текот на ексклузивно интервју со иранскиот исламски револуционерен лидер, Ајатолахот Хомеини. Оваа книга треба да биде обврзна за сите новинари денес!
7. „Добра земја“ од Перл Бак
Ја прочитав во тинејџерските години и ме врза со мистериозната Кина! Ги сакам романите во врска со Кина и нејзината историја и култура, особено оние за жените, толку комплексни и живописни и често пати откачени.
8. „Џејн Ер“ од Шарлот Бронте
Како ученичка оваа книга имаше огромно влијание врз мене. Тоа не е само едно од најголемите дела на англиската белетристика, туку многумина ја опишуваат како книга која ги менува своите значења во зависност од возраста на читателот. Кога бев мала за мене беа битни емоциите и мислите на младата девојка која е на прагот на тоа да стане жена и се заљубува со постар маж. Но од друга страна, приказната на неговата жена, скриена - која запаѓа во лудило - ми предизвика длабок страв во врска со менталните болест за кои тогаш не се зборуваше. Тоа е значајно дело за сите момчиња и девојки, заради развиениот лик на комплицираната и прекрасна хероина.
9. „Црна убавица“ од Ана Сивел
Ова ми беше првиот реален класик кој го прочитав. Ми го окупираше срцето од првата страница. Целата панорама на животот (да, нашето човечко искуство исто така) може да се раскаже преку искуството на овој прекрасен благороден ѕвер. Јавањето ми беше прв спорт, коњите моја прва убов. Црна убавица и Џинџер ми беа моите омилени фиктивни ликови.
10. „Добра ноќ месечино“ од Маргарет Вајс Браун, илустрирана од Клемент Хурд
Секој кој станал родител по прв пат знае зошто. Каква радост!