Овој месец се навршува еден век од откритието на гробот на египетскиот фараон, момчето-крал кое владеело во 14 век пред наша ера. Тоа покренало голем интерес, и тоа не само од археолозите, историчарите и новинарите, туку и од спиритуалистите.
Во Втората светска војна, СССР изработила тенк кој не метафорично, туку буквално можел да лета. Што се случило со овој брилијантен, иако не многу практичен концепт?
Филм во кој многу нешта умираат, а не се раѓаат нови. Минатото како тег влече кон дното, а иднината изгледа како приватизиран имот ограден со висок ѕид, во кој нема место за ендемични примероци на животни и луѓе - оние кои всушност би требало да бидат заштитено национално богатство.
Рогатите тексашки жаби вообичаено живеат само неколку години. Оваа била пронајдена во мермерна кутија 30 години откако била ставена таму и откако малку дошла на себе - оживеала. Станала толку популарна што ја посетила дури и Белата куќа, се појавувала во филмови, а луѓето масовно купувале сувенири со нејзиниот лик како симбол на долговечност. На денешен ден - 6 октомври - се организира традиционален Рипфест.
Не е некакво истражување за Иг Нобел. Ниту пак метафора за поврзаноста на умствените процеси со физиологијата. Ова е реален (?) феномен за кој се дискутира со години, но кој се уште нема медицинско објаснување.
Тие не се само списоци на храна и пијалоци, информативни помагала и ценовници. Менијата знаат да бидат реклами сами по себе, алатки за заведување, да будат интимни спомени и, понекогаш, да станат скапоцени колекционерски предмети.
„Предвидувачот на бури“ е изум од 19 век кој функционирал со помош на пијавици чувани во шишенца. Кога тие ќе се вознемиреле поради надоаѓачко невреме, мало чеканче удирало во ѕвонче. Колку повеќе врева и ѕвонење, толку појака бура.
Неисцрпно инспиративна, „Ромео и Јулија“ сега е основа за нова јапонска претстава која наскоро ќе гостува во Британија. Се вика „Ноќ во кабуки“ и комбинира забранета љубовна приказна која се одвива во 12 век со музика од „Квин“.
Дури седуммина се обиделе да го запрат Јан Бол, невработен ментално болен од северен Лондон, кога овој се обидел да ја киднапира принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата Елизабета Втора. Еден новинар, поранешен боксер, двајца шофери и тројца полицајци подоцна биле одликувани од кралицата. А мајката им се заблагодарила.
Во Хрватска излезе од печат нова книга, „1960-тите: дневнички фрагменти“, во која на четириесетина до сега необјавени страници од 1953 и 1968 се гледа колку, и поради што Крлежа бил резигниран и скептичен кон своите колеги-писатели и кон тогаш бунтовната младина.
Студентка по политикологија и новинарство за време на пандемијата почнала да постира видеа во кои рецитира турбофолк хитови. Доволно е да ја смениш сценографијата, стајлингот на изведувачот и да фрлиш малку зачин од позадинска музика, па „Каква гуза“ да звучи како Мајаковски.
Биле како Вегас - она што се случувало во хедонистичките „Градини на задоволството“ од регентскиот период (1811-1820) во Британија, останувало во градините. Тие биле токму она што го најавува нивното име, место каде без оглед на строгите морални норми на тоа време можело да се ужива во темните ќошиња на парковите или да се пие до зори со припадници на други класи. Дури подоцна ова се трансформирало во тобогани, колички на судирање и други видови семејна забава.
„Следниот голем американски автор“ е име на шоу кое по вообичаениот натпреварувачки терк за готвачи или цвеќари се очекува да го открие она што го најавува и ветува - новиот голем американски (а со тоа и светски) автор на бестселери.
На шалтерот на компанијата две нервозни службенички се обидуваат да вопостават ред и да ни организираат сместување, далеку од аеродромот и од градот. Веќе е полноќ. Некои решаваат да не одат во хотел затоа што не знаат кога и како би се вратиле. Гласно се нафрлаат опции. Летови за Белград, Софија, Приштина. До Виена, па преку Загреб. Дваесет часа со автобус? Когнитивниот апарат ми е прегорен и полека ми станува сеедно и за географија и за воздушен сообраќај.
Вообичаено е да се смета дека атентатот на надвојводата Франц Фердинанд во 1914 е настанот којшто ја турнал Европа кон војна и ја одредил судбината на Хабсбурговците. Но што ако една друга смрт, 25 години пред овој настан, е вистинската причина за обете последици?
Редок сочуван примерок од американското списание „Лук“ од 4 јули 1939 денес ќе ве чини 950 долари. Зошто? Затоа што содржи статија од шест страници илустрирана со фотографии од Вилијам П. Хитлер, под прилично емотивен наслов. Во неа внукот на фирерот изнесува пикантни детали од приватниот живот на својот чичко.
Звучи како приказна од роман, а вклучува микробиолог од Индија, случаен наод во почва на Велигденските острови и откритие на молекула која помага во спречување на растот на клетките на рак и на стареењето. Сето тоа само поради тврдоглавост на еден човек, кој епруветите со прашината ги чувал во својот домашен фрижидер за длабоко, веднаш до сладоледот.