Лудистичко движење, ама обратно
25 јули 2022
- На шаховски турнир во Москва се oрганизирала партија помеѓу робот и седумгодишно момче по име Кристофер, еден од 30-те најдобри играчи во земјата под девет години. Кристофер помрднал фигура порано отколку што требало, што довело до „нестандардно“ однесување на вештачката интелигенција. Со други зборови, таа изреагирала како да се налутила.
- Роботската рака го грабнала показалецот на соперникот и почнала да го стега. Гледачите околу масата притрчале на помош, но не успеале да го спречат кршењето на прстот.
- „Детето продолжи со турнирот следниот ден, и го заврши во гипс“, изјавил претседателот на шаховската федерација Сергеј Лазарев, додавајќи дека родителите на момчето размислуваат за тужба.