- Петтото јубилејно издание на Beach Film Festival започнува денес, 20-ти, а ќе трае до 24-ти јули. Фестивалот ќе се отвори на нова локација, предворјето на црквата Св. Софија со почеток од 20:30 ч. На отварањето ќе биде прикажан филмот „A Simple Man” на режисерот Тасос Геракинис, филм за границите и последиците кои доаѓаат од нивното преминување.
- Фестивалот ќе се одвива на четири локации. Од 21-ви јули фестивалското случување се сели на својата препознатлива локација – плажа, а оваа година тоа е плажата Славија. Таму секоја вечер ќе се одвиваат проекции со почеток во 20:30ч. Во Лапидариумот, каде блезот ќе биде бесплатен, ќе бидат прикажани кратките филмови од официјалната селекција и кратките студентски филмови од официјалната селекција. На бродот Армада посетителите ќе имаат можност да уживаат во проекција додека се крстари низ Охридското Езеро.
- Покрај филмската и музичката програма, на фестивалот ќе се одржат и работилниците за Дизајн на постер кој ќе го води Матеја Николиќ и Филмска опрема чиј модератор ќе биде Илија Тирицовски. Фестивалските карти се по симболична цена од 100 денари и истите ќе можат да се набават онлајн на www.bff.mk или пак на самиот влез.
- Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот.
- Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
- Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
- Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
- Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
- Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.