- 30-тото издание на Средбите на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности започна вчера, 1.11 во 20 часот со „Пиеса 27 на ливерпулски начин“, на студентите од Факултетот за драмски уметности од Скопје.
- Освен театарски претстави, на Скомрахи ќе има и работилници, изложби, промоција на драми од професорката Маја Стевановиќ и научна конференција. Директорот на фестивалот, Илија Циривири, вели дека ќе се изведуваат две претстави секој ден.
- Целата програма на фестивалот, кој ќе трае до 5 ноември, може да се види тука.
- Првата изложба на Зрно фестивалот, насловена како „Sehschärfenbestimmung/Проверка на диоптријата“, ќе се отвори во вторник, 8-ми април, во 20.00 часот во КСП Центар – Јадро, во соработка со Galerie Guerilla од Виена. На неа ќе учествуваат 60 автори со по едно свое дело. На истата локација ќе биде поставена до 16 април.
- Голем дел од авторите/авторките се учесници на работилниците за благородни фотографски постапки кои ги организира Зрно фестивалот.
- Од Македонија учествуваат: Кети Талевска-Бакревска, Мартина Павлоска, Сара Ислам, Сашо Алушевски, Еџе Али, Анѓела Танчевска и Филип Ицовски.
- Утре (петок, 4 април) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи разговор со писателот и преведувач Владимир Јанковски, чиј роман „Ехото на акробатите“ е книга за месец април во сите библиотеки од мрежата на ГБСК. Разговорите со домашни автори, книгата на месецот и клубот на читатели се препознатливите елементи на големата кампања „Читаме современи македонски автори“.
- Модератор ќе биде Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот ќе се одржи во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“.
- Јанковски за оваа книга ја доби наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година, признание што го доделува издавачката куќа Арс Ламина.