Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почина режисерот Питер Брук

4 јули 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Револуционерниот британски театарски режисер Питер Брук, чие огромно влијание допре низ целиот свет, почина на 97 години. Брук го редефинира начинот на кој размислуваме за театарот со неговите претстави во Кралскиот Шекспиров театар во Стратфорд (РСЦ); во Буф ди Норд, трошната париска музичка сала која беше негова база повеќе од 30 години; во африканските села каде што неговите актери импровизираа претстави; и на сцените – и грандиозни и скромни – посетени од неговиот глобален ансамбл.
  • Како еден од највизионерските и највлијателните мислители на театарот, напиша неколку книги, меѓу кои и „Празниот простор“ (1968), кој почнува со неговата визија: „Можам да земам кој било празен простор и да го наречам гола сцена. Човек шета низ овој празен простор, додека некој друг го гледа, и тоа е сè што е потребно за да се создаде еден театарски чин“.
  • Иако му се восхитуваа во театарските кругови, тој беше помалку познат на пошироката јавност поради неговото одбивање да се помири со комерцијалниот вкус. Режисерот отсекогаш ја одбивал етикетата да се занимава со ангажиран театар, но секогаш повторува дека неговите претстави се наменети за саморефлексија и духовен развој.
извор

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

28 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Вчера, 27 септември, Иво Бару ја освои титулата на „Државното првенство во Катан 2026“. Шампионатот се одржа во новоотворениот простор за друштвени игри „Рулбук“ во Скопје, а турнирот беше организиран од „Гоблин“. На масите се собраа 64 играчи, кои повеќе од десет часа се натпреваруваа за титулата најдобар играч на „Catan“ во земјава.
  • Победата има и дополнително значење бидејќи со неа Бару добива можност Македонија да ја претставува на европската сцена. Како национален шампион, тој ќе настапи на CATAN European Championship 2026, кое во ноември ќе се одржи во Португалија. Според официјалниот систем на CATAN, националните првенства се патот преку кој играчите се квалификуваат за меѓународните натпревари, а шампионите добиваат можност да се борат со најдобрите играчи од другите земји.
  • Иво има пишувано во нашата подрубрика Букбокс друштвени игри, осврт под наслов „Фотосинтеза или како да не бидеш 'дрво' за садење дрвја“.
извор

Чуму слобода?: фестивал Букстар од 28-30 септември во Скопје

23 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Од 28-30 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи 12-тото издание на фестивалот Букстар. Тој оваа година го отвора прашањето ЧУМУ СЛОБОДА? односно FREE AT LеAST?, инспирирано од зборовите на Мартин Лутер Кинг Јуниор: „Никој не е слободен сè дури сите не сме слободни“. Во време кога границите – видливи и невидливи – повторно се појавуваат околу нас, книжевноста останува простор во кој БАРЕМ мислата може да се движи без ограничувања, велат организаторите од издавачката куќа „Антолог“.
  • На 28 септември од 18:30 во Лабораториум ќе се одвива разговор со неколку македонски писатели со модераторката Фросина Пармаковска на тема „Од робот до четбот: дискусија за ерата што доаѓа“. 
  • На 30 септември во Europe House во Скопје, со почеток од 16 часот ќе се одржи мал омаж во кој уредници на четири издавачки куќи и познавачи на творештвото на неодамна починатата иранска авторка Марџан Сатрапи ќе се осврнат на нејзиното творештво, а модератор ќе биде Ивица Дукоски. Истата вечер од 19 часот е предвиден разговор со Ѓузел Јахина, авторка на „Зулехја ги отвора очите: патување во еден книжевен универзум“. 
  • Помеѓу гостите на фестивалот е и најчитаниот шпански автор Елој Морено. Во 2025 година, заедно со илустраторот Давид Сиера, тој ја објави „Новото патување на Малиот принц“, продолжение на „Малиот принц“. Покрај тоа, шпанскиот автор на 8 февруари 2025 година го собори Гинисовиот светски рекорд за најмногу потпишани книги во 12 часа, со неверојатни 11.088 потпишани книги. 

Целосната програма и списокот на учесници се достапни на социјалните мрежи на Антолог.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
2

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
3

Самоил и дупките

Балканштина
4

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Поетски толкувања

Балканштина
8

Да стане Самоил и да се труди наместо вас?

Разно
1

Како луѓето прекинувале контакт со семејството во 18 век?

Bookbox
2

Кога сакале да создадат куче-супермен

Bookbox
3

Што е најблагото нешто на светот?

Bookbox
4

Што се случило кога Дали го запознал Фројд?

Bookbox
5

Како цензурата помогнала да се создаде „Зона на самракот“?

Bookbox
6

Тајниот прирачник на ЦИА за трикови и измами

Bookbox
7

Батерија од хартија што може да се голтне и да напојува медицински уреди во телото

Bookbox
8

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Не свирете ги овие песни во продавница за гитари

(Драги) камења на македонското новинарство

Таа има совршен живот. Речиси.

Леви-Строс каков што (не) го познаваме

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy