Студијава ќе им помогне на научниците да најдат нови начини за подобрување на имунитетот на телото, а вам ќе ви помогне да ги смирите сите дилеми додека попладнечки ја ставате чашата ракија / вино "за опуштање."
За претседателот на Гугл 2014-та ќе биде годината во која мобилните ќе ја извојуваат победата, ама очекува и некои сериозни новини за сериозни технологии.
Американската влада со години тајно имала (backdoor) пристап до целата опрема што ја продавале најголемите американски компании, вклучувајќи ги Дел, Циско, Џунипер, АјБиЕм, Вестерн Дигитал, Сигејт, Макстор и други.
Заговорите сами по себе не мора да се луди. Заговор во суштина е договор за кој не се зборува многу. Ако е нешто кварно а во него е вмешана влада, ете ти вистина. Неколку вакви приказни, обелоденети откако на американски владини документи им истече рокот за тајност.
Пред неколку години Motherboard решаваат да се пробаат со видео на интернет и почнуваат со снимање документарци подолги од 30 минути. Им успева повеќе отколку што очекуваат. За годинава ова им се најдобрите приказни во нивен избор.
Сведоштвото е на Михаил Иосел кој по завршување факултет се вработува како инженер во Одделот за надзор и демагнетицзација на подморници во еден институт во Ленинград. Првата плата како почетник инженер му е 120 рубљи. Во периодот од 1979-та до 1981-ва, со овие пари тој можел да си го дозволи следното:
Најголемо зло што може да и се случи на реклама е голотија или да ги лаже муштериите, заради што никогаш нема да биде покажана на телевизија или во некоја официјална кампања.
Да бидеме педантни математиката е за 345 дена од годинава, ама никој не очекува дека просекот многу ќе им падне за три седмици. Човекот што е најклошар на листава заработувал по 14.492 долари во минута.
Во 2004-та Миреј Џулијано ја пишува книгата "Французинките не се дебелеат" во која им објаснува на жените низ светот дека тајната на Французинките е чисто психолошка - не им најважно да се најадат, туку да уживаат во тоа што го јадат. Сега Џулијано пишува како Французинките изгледаат одлично на 70-годишна возраст.
Годинава отидени се милијарди долари на бродови што не функционираат, излишни пушки и тенкови кои никому не му требаат. Ова е само тоа што се знае, а добар дел допрва ќе се открива.
Комплетниот фонд на книги на Националната библиотека на Норвешка се дигитализира (се префрла од печатено издание на компјутер) и без разлика на авторот или сопственикот на правата, книгите ќе бидат бесплатни за читање.
Регионот на Југоисточна Европа се наоѓа на енергетски крстопат- во следните десет години се планира да се потрошат 30 милијарди евра за енергетски проекти во нашиот регион. Македонија, како?
До сега истражувањата генерално се занимаваат со тоа дали сексот може да предизвика срцев удар, и тука одговорот е - не. Она што далеку помалку е истражувано е дали сексот може да се смета за фитнес вежба.
Пекинг има 12 милиони жители (замисли!!!) од нив 7,5 милиони се возачи. Затоа што тоа е неиздржливо за која било инфраструктура, од 2011-та регистарските таблички во градот се добиваат по основа на лотарија (на која според локалните сеирџиски муабети е потешко да ти се падне отколку на вистинската лотарија). Сега стана уште потешко.
Во една од најголемите иновации во светот на брзите испораки, првиот човек на Амазон го претстави Amazon Prime Air сервис за доставување пратки за 30 минути со помош на беспилотни летала.
Магазинот (кој го прават истите луѓе како и шоуто) ги одбра петте најдобри супер-автомобили на светот и реши да провери кој од нив е број еден. И тоа не врз основа на цена или спецификации, туку каква работа ќе завршат на патеката.
За сите овие години владеење, безобѕирноста на Путин кон часовникот од протоколот на официјалните средби веќе доби легендарен статус. Речиси и да нема светски државник на кој Путин му нема задоцнето. Последен пат ова се случи пред некој ден, кога Папата Франциско требаше малку да го почека рускиот претседател.
Тоа што Пикард со Ентерпрајз го правеше за вселената, сега SeaOrbiter треба да го направи за океаните - да стигне до најнедостапните места на светските океани и таму да истражува.