Мажите се со носови, жените со брчки

Оваа компаративна анализа на половите нема врска со правата и еднаквоста, ова е чисто хардверски

ЖЕНИТЕ ПОДОБРО ГЛЕДААТ БОИ

Жените имаат поголем капацитет да распознаваат префинети тонови и нијанси благодарејќи на генетскиот капитал: имаат два икс хромозома, мажите само еден. Затоа и мажите почесто се далтонисти бидејќи ако жена има пореметување кај едниот хромозом, има бек-ап кај другиот. На пример, на горната слика жена јасно гледа дека се наоѓа бројот 75.

МAЖИТЕ ИМААТ ТЕШКА КОСКА

Генерално мажите имаат подебела коскена шасија што ги прави помалку ранливи за искршеници кога паѓаат. Проблем кај жените е што по менопаузата коските дополнително им се тенчат зашто го губат одбранбениот ефект на холестеролот.

НОСОТ Е МАШКА АЛАТКА

Машките носови се во просек 10 проценти поголеми од женските. Затоа што имаат повеќе мускулна маса а неа и треба повеќе кислород и оттука поголем усис. Разликата почнува да се прави околу 11 годишна возраст.

И ЦРНИОТ ДРОБ ИСТО

Иако помала, женската јетра функционира ефикасно, освен во релација со алкохолот. Нивниот орган има помало ниво на еден ензим кој го разбива алкохолот. Затоа од маж и жена со иста тежина, жената побрзо ја фаќа, бидејќи дробот не може да го преработи алкохолот па го пушта во кровоток.

НАУКАТА ПОТВРДИ ДЕКА ЖЕНИТЕ ИМААТ СРЦЕ. ПРОБЛЕМАТИЧНО.

Во просек женското е 2/3 од машкото и чука поретко - 72 пати наспроти 80-те машки отчуувања. Жените кои имаат проблем со срцевиот ритам се во поголема опасност од удар отколку мажите. Системот им е послаб и заради потенките артерии, високиот притисок и менопаузата, односно губењето на одличниот сојузник, естрогенот.

. . . АМА ЗАТОА ИМААТ ПОВЕЌЕ ЦРЕВА

Иако жените генерално се помали модели, имаат иста големина на црева па тие се пропорционално подолги. Затоа и повеќе можат да задржуваат вода во тој систем. А и побрзо се најадуваат бидејќи им е подобра нервната врска стомак - мозок па благовремено добиваат сигнал дека е таман.

ЗА ЦРНИ БЕЛИ ДРОБОВИ

Жените имаат 30 проценти помал белодробен капацитет. Токму затоа ( а и рековме, помал усис имаат), нивните бели дробови работат понапорно и полесно се задишуваат. За иста количина воздух, нивните дробови работат повеќе од машките.

ЗОШТО МОЖАТ ДА НАПРАВАТ ШПАГА?

Имаат поеластични лигаменти, веројатно за да и се олесни на карлицата при породување. Тоа знае да биде и хендикеп, особено при повреди на колено, токму заради поголемата олабавеност на лигаментите.

И СЕ ПОСТОЈАНО ВО ВЕЦЕ?

Бешиките исти. Ама уретрата (цевката низ која се празни бешиката) е различна. Кај жени 3 сантими, кај мажи до 20.

ПИВСКИ СТОМАЦИ И КОЛКОВИ

Жените полесно качуваат килажа бидејќи имаат помалку мускули кои трошат калории. И нешто побавен метаболизам. Вишокот кај мажите оди кај стомакот, нешто подолу кај жените. Стомачната дебелина се поврзува со ризик од дијабетис, срцеви провблеми и висок холестерол. За онаа кај колковите и бедрата постојат наоди дека дури и можеби штити од срцеви проблеми. Пропорционално поголемото ниво на маснотии им помага на жените за топлотна изолација. Ако маж и жена паднат во Северно море, поголеми шанси да преживее им жената. Парадоксално, заради истите пропорции тие почесто чувствуваат дека им е ладно: во такви случаи, телото ја задржува топлината намалувајќи го крвотокот кон кожата; температурата на кожата опаѓа па мислат дека им студи. Мажите немаат толку сало да складираат топлина.

МАЖИТЕ СЕ ДЕБЕЛОКОШЦИ

Жените имаат потенка кожа. Затоа кога колагенот почнува да се губи, нивната кожа полесно се фалта. Истовремено, имаат подолги гласни жици, што ни е сосема јасно и гласно.

11 декември 2013 - 11:57