Според закон сите содржини објавени во Норвешка, на кој било медиум мора да бидат депонирани во Националната библиотека. Ова значи дека кога библиотеката ќе заврши со скенирање на својата содржина, сите можни записи на норвешки јазик и нивната литература, ќе бидат достапни преку компјутер (или некоја друга технологија во иднина).
Плус за секој што е со Норвешка ИП адреса, сите дела од 20-от век ќе бидат бесплатно достапни преку интернет, тука вклучувајќи ги и оние кои се под авторски права.
Во проектот се опфатени дела кои потекнуваат уште од Средниот век, а дигитализацијата на комплетниот пишан фонд на норвешки јазик се очекува да трае меѓу 20 и 30 години.