Се што до сега постои на темата се генерално митови од типот дека во партија секс се трошат 100 калории. Заради ова тим од Универзитетот на Квебек, прави истражување во кое го мери физичкиот напор на сексот.
Резултатите се дека сексот се квалификува како "умерена" физичка активност, која е некаде на ранг на качување по угорница или на рид (6-МЕТ кај мажите, 5,6-МЕТ кај жените). За споредба џогингот е понапорна активност и достигнува 8,5-МЕТ кај мажите или 8,4-МЕТ кај жените.
Главна мерка која се следи во истражувањето е Метаболичен еквивалент (MET), кој мери кој е енергетскиот трошок на една физичка активност, споредено со тоа колку истиот човек троши кога е мирен. Почетната, односно мирната состојба е 1 MET.
Во истражувањето 21 млад хетеросексуален пар прво требало да трчаат 30 минути, а потоа биле испратени дома со задача да ја мерат физичката активност за време на секс барем еднаш неделно, во период од 1 месец.
Инаку, во чисти бројки во просек една минута секс гори 4 калории кај мажите, а 3 калории кај жените, во сесии кои траеле од 10 до 57 минути (вклучувајќи ја и предиграта).