Кој е најдобриот супер-автомобил на светот според Топ Гиар

Магазинот (кој го прават истите луѓе како и шоуто) ги одбра петте најдобри супер-автомобили на светот и реши да провери кој од нив е број еден. И тоа не врз основа на цена или спецификации, туку каква работа ќе завршат на патеката.

"Техничките статистики можат да бидат направени да лажат. Ова значи дека чисти статистики можат да раскажат само дел од приказната. Другиот дел е генерално субјективен и доаѓа под огромен притисок од чисто ненаучни фактори како вкус и наклоност. Работи кои не можете да ги измерите со ниту еден микрометар и не можете да ги погодите како што треба дури и со најголемата фокус група.

Изгледот во најголем дел е субјективен, заради тоа ќе ја прескокнеме компликацијата за тоа кој супер-автомобил изгледа најдобро и ќе ви оставиме сами да го изберете својот победник. Кога имате неколку стотици илјади фунти да потрошите на автомобил, веројатно знаете кои работи ги претпочита вашиот мозок," е објаснувањето на Топ Гиар, зошто ќе ги бодуваат автомобилите само врз основа на нивните перформанси на патеката.

5-те автомобили во изборот на Топ Гиар се:

- Bugatti Veyron - 1,5 милиони долари
- Pagani Huayra - 1,4 милиони долари
- Aston Martin One-77 - 1,4 милиони долари
- McLaren P1 - 1,15 милиони долари
- Hennessey Venom - 1,1 милиони долари

Наместо да чекаме одбројување, од Топ Гиар уште од старт го прогласуваат McLaren P1 за победник во оваа конкуренција. Ова е објаснувањето каде секој автомобил заостанува зад P1.

 

Стандардниот Bugatti Veyron е многу сличен со P1 во однос на забрзувањето, а СуперСпорт верзијата е далеку побрза од Мекларенот. Ама во друго е работата.

"Меѓутоа во однос на уживањето на возачот, Р1 прави Вејронот да изгледа како Ауди ТТ... Р1 е интимен на начин на кој Вејронот никогаш не може да биде, тој е поврзан со возачот на сосема друго ниво. Ти го управуваш Вејронот, меѓутоа Р1 мора да го возиш," пишува Том Форд за Топ Гиар.

Неговата забелешка е дека Вејронот во основа е толку совршен што тој секогаш без бунење ќе ја заврши работата како што си му кажал, додека со Р1 мора да работиш и да се внесеш во возењето за да го постигнеш тоа, што на крај ќе ти даде повеќе уживање.

 

Токму перфектноста која беше предност на Вејронот, е она што и недостасува на Pagani Huayra за да го надмине Р1, која е премногу непредвидлива и нескротлива во споредба со Мекларенот. Паганито губи и по основа на полош квалитет на возење и побавно менување на брзините.

 

Aston Martin One-77 има одличен изглед и е доста вешт ако се има во предвид неговата големина. За се' останато тој не може да се спореди со МекЛаренот, кој според Топ Гиар е на сосема друго ниво. Најголема критика е за лошиот менувач на One-77.

 

"McLaren P1 е она што Hennessey Venom сака да биде кога ќе порасне." Забелешката на Веномот е дека не е ни приближно рафиниран во своите реакции и дека во споредба со Мекларенот изгледа како една од американските "musclecars."

30 ноември 2013 - 15:41