Дејан Зиков од Лукоил е најефикасен играч со 7 гола во шестото коло од Бизнис лигата, а за најдобра екипа е прогласена Eurolink која ја доби неизвесната битка против Sistina со 6:5.
Во рамките на третото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија, најдобар стрелец беше Виктор Петровски (МЕПСО) со 4 гола, а екипа на колото е Адмирал.
Започна седмото коло од Бизнис лигата на Македонија. Првиот ден од ова коло го одбележа голеадата на Ивица Јанковски од Montenegro кој постигна шест гола против Општина Карпош.
Второто коло од Бизнис лигата на Македонија со победи го одбележаа ФАКОМ против АрцелорМиттал и Халкбанк против ЕВН. Алкалоид и Македонски Телеком ги поделија бодовите.
На вториот ден од одигрувањето на натпреварите од првото коло на Бизнис лигата, вицешампионот UNIQA ја потврди фаворитската улога против МЕПСО, а победи славеа и екипите на Глобко Логистик и Гранит.
Второто коло од пролетниот дел на Бизнис лигата на Македонија и вкупно 12-то, екипите на ТРАНСМЕТ, Македонски Телеком и ЕВН го заокружија со високи победи.
Во последниот ден од 8 коло во Бизнис лигата Eurolink беше немилосрден со 17 голови во мрежата на Контрола на летање, а висок триумф славеше и Montenegro против Борис Трајковски.