Алкалоид со пресврт до победа над Еуролинк

13. коло во Бизнис лигата на Македонија се заокружи со убедливите победи на ЕВН и Алкалоид. Мечот меѓу UNIQA и Лукоил е одложен.

ЕВН го доби електричното дерби во дуелот со МЕПСО

МЕПСО 2-9(0-6) ЕВН
МЕПСО: Јовче Ангелов 21’, 29’
ЕВН: Трајан Аџиев 3’, 10’, 14’, 39’, Слаѓан Божиновски 4’, 6’, Дарко Милошески 10’, Бранко Аврамовски 24’, Бојан Маџовски 36’
Екипата на ЕВН во електричното дерби против МЕПСО прикажа одлична игра пред се во делот на нападот каде што имаше одлична реализација. Уште на самиот почеток од овој натпревар стекнаа предност од 4 гола која беше недостижна за МЕПСО кој на неколку наврати имаше обид да се врати во натпреварот кој не даде поголем резултат. Крај на натпреварот 2-9.
 
Алкалоид со пресврт до победа над Еуролинк

Еуролинк 6-11(3-2) Алкалоид
Еуролинк: Дарко Кадински 2’, 8’, 25’, 33’, Јорданчо Димиџиевски 2’, 28’
Алкалоид: Стефан Димовски 6’, 9’, 24’, 31’, 35’, 40’, Оливер Христовски 26’, 36’, 40’, Николче Дамјановски 29’, 31’
Екипата на Еуролинк во дуелот со Алкалоид имаше одличен старт и стекна предност од 3 гола која Алкалоид во текот на целото прво полувреме  се трудеше да ја анулира, но не успеа па на полувремето Еуролинк отиде со гол предност (3-2). Во второто полувреме проработе Алкалоид, не само што успеа да го израмни резултатот, туку и да поведе и на само 5’ пред крајот беше 6-7 за екипата на Алкалоид, која од минута во минута само го зголемуваше водството за да на крајот издвојува убедлива победа од 6-11.
12 март 2015 - 13:47