ФАКОМ со срце на терен до победа над Шпаркасе банка

Алкалоид славеше убедливо над Систина, а до победа во првиот ден од 17. коло во Бизнис лигата стигна и Пекабеско.

Алкалоид со висок ритам до победа над Систина

Систина 2-9 (0-2Алкалоид
Систина: Александар Јаневски 26’ 37’
Алкалоид: Сунај Љазим 19’ Николче Дамјановски 20’ 26’ Марко Марковски 25’ 27’ 29’ Стефан Димовски 36’ Нико Този 39’ Оливер Христовски 39’

Екипите на Систина и Алкалоид натпреварот го започнаа со мошне агресивна игра и на двете страни, во ваквата игра по груб старт Алкалоид остана со играч помалку (Оливер Христовски) но Систина ни тоа не успеа да го претвори во гол. Мрежите на головите мируваа се до моментот кога Алкалоид во својата игра внесе голман играч и успеа да ја пробие цврстата одбрана на Систина за 0-2 на полувремето. Со ваквата игра Алкалоид продолжи и во второто полувреме и од минута во минута го зголемуваше своето водство, Систина на овој натпревар настапи со скратен состав во кој практично немаше клупа, па не можеше да парира на расположениот Алкалоид кој го доби овој натпревар со 2-9.

Пекабеско во затворен фудбал до победа над Гранит

Пекабеско 2-0(1-0Гранит
Пекабеско: Дејан Неделковски 8’ Бобан Мициќ 29’
Екипите на Пекабеско и Гранит одиграа прво полувреме во кое што целосно беше ставен акцент на одбраната, екипата на Пекабеско од контра напад успеа да го изненади Гранит за со 1-0 да замине на полувремето. Во второто полувреме бевеме сведоци на идентична слика Пекабеско во 29-та минута зголеми на 2-0 со што премина во нешто позатворен фудбал со кој го сочува сопствениот гол и го доби овој натпревар.

ФАКОМ со срце на терен до победа над Шпаркасе банка

ФАКОМ 8-6(4-3Шпаркасе банкa
ФАКОМ: Бобан Китановски 2’ Боро Мисердовски 6’ 11’ 29’ Шенол Аџировски 13’ 37’ Селајдин Кадри 24’ 36’
Шпаркасе банка: Љубомир Таневски 12’ 25’ Деко Марков 17’ Методија Милески 19’ Стојанчо Јосифовски 22’ Марко Атанасовски 40’
Екипата на ФАКОМ имаше перфектен влез во натпреварот со Шпаркасе банка, уште на самиот старт наметна отворен фудбал со брз ритам во кој успеа да ја изненади Шпаркасе банка и да дојде до водство од 4-1 на пет минути до крајот на полувремето, по што следеше офанзива на Шпаркасе банка која успеа да намали на 4-3. Во второто полувреме екипата на Шпаркасе банка на самиот старт успеа да израмни со 4-4 но неколку грешки во нивната одбрана му овозможија на ФАКОМ да постигне лесни голови со што резултатски се одлепи и извојува победа од 8-6.

5 април 2016 - 11:07