МЕПСО потклекна во второто полувреме против Лукоил

Во вториот ден од деветтото коло во Бизнис лигата сите три екипи славеа победи со двоцифрен број на голови.

Нухиу (УНИКА) имаше своја вечер во натпреварот против Доминос Пица

УНИКА 11-4 (4-4) Доминос Пица
УНИКА: Арбен Нухиу 6’, 12’, 14’, 25’, 30’, 40’, Александар Петрушевски 13’, 24’, 26’, 36’, Дарко Фотевски 39’
Доминос Пица: Боби Златановски 3’, Рубин Ангелевски 5’, Ице Андреевски 8’, 9’

Екипата на Доминос Пица имаше одличен влез во натпреварот, успеа веднаш резултатски да се одлепи со високи 4-1 во 12’. Но УНИКА после тајм-аутот кој беше побаран во вистинско време, брзо заигра во свој стил и го изедначи резултатот.  Во второто полувреме екипата на УНИКА ја презеде контролата врз натпреварот во свои раце и преку одлична реализација дојде до значителна предност која од минута во минута ја зголемуваше за конечни 11-4 на крајот од натпреварот.

МЕПСО потклекна во второто полувреме во натпреварот против Лукоил

МЕПСО 2-11(1-2) Лукоил
МЕПСО: Зоран Деспотовски 12’, Тони Честојнов 39’
Лукоил: Игор Дамјаноски 5’, Дејан Зиков 9’, 25’, 37’, Владимир Секулоски 27’, 29’, 31’, 33’, Борче Василев 30’, Марјан Цветковски 34’, Љупчо Апостоловски 35’

Во првото полувреме акцентот беше целосно ставен на одбраната и оттука  и нискиот резултат на полувремето од 1-2. Во второто полувреме екипата на Лукоил влезе во вистински ритам, ја искористи кратката клупа на МЕПСО и ја зголеми предноста не давајќи му простор на МЕПСО да се врати во игра, за да на крајот од натпреварот Лукоил триумфира со убедливи 2-11.

ОНЕ без сили за целосен пресврт над Гранит

ОНЕ 5-10 (2-6) Гранит
ОНЕ: Сашко Србаков 16’ 33’, 34’, Јане Плавевски 18’
Гранит: Стеван Митревски 11’, 22’, 25’, 37’, Дарко Аралампиевски 13’, 15’, Пепи Мицев 15’, Оливер Ангеловски 18’, Марјан Петровски 20’

Екипата на Гранит беше расположена за игра во првото полувреме, особено во нападот кај што имаа доста течни акции со многу проигрувања кои ги крунисуваа со гол. Кај ОНЕ во првото полувреме одбраната беше проблем, па со вака неконсолидирана одбрана го загубија полувремето со 2-6. Во второто полувреме екипата на ОНЕ успеа да постигне 2 гола со играч помалку, со што ја намали разликата, но немаше сили за целосен пресврт, па го загуби овој натпревар со 5-10.

3 декември 2014 - 10:02