Лукоил убедлив во дуелот со ФАКОМ

Во 7. коло од Бизнис лигата на Македонија се одиграа два натпревари на кои победи славеа екипите на Лукоил и Алкалоид.

Гранит без целосен пресврт во дуелот со Алкалоид

Гранит 5-6 (1-6) Алкалоид
Гранит: Стеван Митревски 18’, 25’, 38’, Пепи Мицев 36’, Денис Ташевски 36’
Алкалоид: Оливер Христовски 8’, 16’, 17’, Николче Дамјановски 9’, Стефан Димовски 12’, Мирослав Миленовски 15’ 

Седмото коло во Телеком Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Алкалоид и Гранит. Алкалоид имаше одличен влез во натпреварот и буквално во првото полувреме го надигра Гранит во сите сегменти на фудбалската игра, по што дојде до опуштање во редовите на Алкалоид, кое Гранит вешто го искористи во второто полувреме за целосен пресврт и влез во егал завршница. Но Алкалоид не дозволи Гранит да го израмни резултатот благодарение на времето кое беше нивен сојузник, па го доби овој натпревар со 5-6.

Лукоил убедлив во дуелот со ФАКОМ

Лукоил 11-5 (7-1) ФАКОМ
Лукоил: Дејан Зиков 5’, 17’, 20’, Жарко Климкаров 6’, 8’, 16’, 32’, Мартин Алаѓозовски 18’, 22’, Александар Аврамоски 27’, 34’
ФАКОМ: Шенол Аџировски 7’, 36’, Бојан Симоновиќ 22’, 26’, Бобан Китановски 40’

Екипата на ФАКОМ во дуелот со Лукоил влезе доста офанзивно, но со нецелосен концепт во одбраната. Ваквата игра на минатогодишниот шампион Лукоил му овозможи голем простор за отворени шутеви кон голот на ФАКОМ во делот на нападот, кои најчесто успеваа да ги претворат во гол.  Во текот на целиот натпревар се играше сличен стил на игра, по што ФАКОМ не можеше да очекува поволен резултат, па го загуби овој натпревар со 11-5.

16 ноември 2015 - 23:49