Алкалоид со лек за пенали во дуелот со ЕЛЕМ

Екипите на Алкалоид и Лукоил се првите два полуфиналисти во Бизнис лигата на Македонија.

Лукоил преку ЕВН до Final4

Лукоил 4-3 (2-0) ЕВН
Лукоил: Марјан Цветковски 9’, Жарко Климкаров 19’, 25’, Дејан Зиков 40’
ЕВН: Трајан Аџиев 31’, Дарко Милошески 37’, 40’

F8 фазата ја отворија екипите на Лукоил и ЕВН. Во првото полувреме се водеше исклучително изедначена борба во која целосно акцентот беше ставен на одбраната и кај двете екипи. Екипата на Лукоил успеа да реализира две изгледни ситуации, што не беше случај кај ЕВН, па на полувремето отиде со водство од 2-0. На самиот старт од второто полувреме екипата на Лукоил со гол го зголеми водството, но во 28’ по груб старт остана со играч помалку, што ЕВН не успеа да го искористи. Но, во 31’ преку Трајан Аџиев кој застана на местото на голман играч наместо Илија Мандаров, успеа да постигне погодок и да го намали резултатот на 3-1, кој успеа да му даде ветар во грб на ЕВН кој целосно фати резултатски приклучок. Но буквално во последната минута Дејан Зиков со еврогол ја запечати судбината и го одведе Лукоил во Final4. 

Алкалоид со лек за пенали во дуелот со ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 6-7 пенали (3-3) Алкалоид
ЕЛЕМ: Антонио Тасев 7’, Влатко Петровски 10’, Петко Бушески 13’, Синиша Ковачевиќ 35’
Алкалоид: Дарко Стефков 2’, 8’, Оливер Христовски 17’, 33’

Вториот полуфинален дуел го одиграа екипите на ЕЛЕМ и Алкалоид. Иако екипата на Алкалоид на самиот старт постигна гол, ЕЛЕМ не дозволи психички да падне, брзо се врати во натпреварот во кој се играше гол за гол во текот на целото полувреме. Во последната минута од полувремето ЕЛЕМ остана со играч помалку. Полувремето заврши со 3-3. Второто полувреме ЕЛЕМ го почна со играч помалку, но успеа да се одбрани. Истото се случи по само неколку минути кога екипата на Алкалоид остана со играч помалку. Во понатамошниот дел се играше гол за гол се до пенал завршницата, кога понатаму отиде екипата на Алкалоид. 

5 мај 2015 - 10:56