МЕПСО сигурен против Оилко
Оилко 1-4 (0-1) МЕПСО
Оилко: Дејан Димковски 24'
МЕПСО: Борис Трајковски 2', 40', Тони Честојнов 23', Александар Стојчевски 35'
Екипата на МЕПСО уште од самиот старт од натпреварот поведе со 0-1, со што го отвори натпреварот против Оилко кој во текот на целото прво полувреме се обидуваше да ја анулира оваа предност. Но, во тоа не успеа и на полувремето се отиде со 0-1 за МЕПСО. Во второто полувреме екипата на Оилко се обиде со голман играч да се врати во натпреварот, но тоа не резултираше со поволен резултат, бидејќи МЕПСО го искористи во своја полза и го доби со 1-4.
Македонски Телеком во вистински ритам против Eurolink
Македонски Телеком 9-6 (7-2) Eurolink
Македонски Телеком: Душко Симоновски 2', 40', Михајло Лазаревски 4', 5', Агрон Пацоли 7', Петре Велигденов 12', Веселин Крстовски 17', Ивица Вељановски 20', 35'
Eurolink: Јовче Зузаровски 3', 25', 33', 40', Игор Ристевски 6', Јорданчо Димиџиевски 29'
Во борбата за F8 екипите на Македонски Телеком и Eurolink изиграа крајно коректен натпревар во кој преовладуваше фер плејот. Екипата на Македонски Телеком во текот на целиот натпревар ја имаше иницијативата, контролирајќи ја предноста која ја стекна уште во раната фаза од натпреварот, притоа не дозволувајќи му на Eurolink да се врати во натпреварот, пред се со добра игра во одбраната. На крајот Македонски Телеком оваа добра игра ја круниса со победа од 9-6.
UNIQA супериорна во натпреварот против Dominos pizza
Dominos pizza 5-10 (3-7) UNIQA
Dominos pizza: Оливер Младеновски 4', Павле Мирчевски 13', 40', Бојан Стојановски 16', Александар Бојовски 29'
UNIQA: Ибиш Мисини 2', 13', Љуљзим Каштањева 3', 9', 39', Арбен Нухиу 6', 12', 19', 32', Арбен Бајрами 27'
Во овој натпрeвар екипата на UNIQA прикажа апсолутна доминација и ја надигра Dominos pizza во сите сегменти на фудбалската игра, не дозволувајќи во ниеден момент победникот на овој натпревар да се доведе во прашање. Dominos pizza имаше неколку обиди да фати резултатски приклучок, со кој UNIQA вешто се справи за победа на овој натпревар од 5-10.