Арбен Нухиу незапирлив во дуелот УНИКА - Систина
Систина 5-9 (4-4) УНИКА
Систина: Игор Ѓорѓиевски 3’, 14’, Александар Јаневски 9’, 30’, Влатко Кузманов 12’
УНИКА: Арбен Нухиу 1’, 14’, 29’, 33’, 38’, 39’, Влатко Деспотовски 2’, Арбен Бајрами 16’, Љуљзим Каштањева 21’
Исклучително неизвесно прво полувреме во кое и двете екипи пружија рамноправен отпор без шанса некоја од екипите резултатски да се одлепи и да дојде до предност. Во второто полувреме се разбуди расположениот Арбен Нухиу кој имаше маестрална партија и и донесе предност на УНИКА која екипата на Систина не можеше да ја стигне и го загуби овој натпревар со 5-9.
Монтенегро доминантен во дуелот со АрцелорМитал
Монтенегро 9-4 (5-3) АрцелорМитал
Монтенегро: Горан Новакоски 6’, 17’, 22’, 38’, 40’, Ивица Јанковски 10’, 28’, Јорданчо Јакимоски 12’, Дарко Настиќ 13’
АрцелорМитал: Александар Зотиќ 6’, Игор Мирчевски 18’, 20’, Методија Миовски 24’
Екипата на Монтенегро најави дека во одлична форма ќе влезе во Ф8 фазата. Во дуелот со АрцелорМитал влегоа апсолутно мотивирани и спремни, во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот и во шампионски ритам го приведоа овој натпревар кон крајот. Кај Арцел орМитал беше евидентна слабата игра во одбраната што додатно му овозможи на Монтенегро да доминира во овој натпревар.
ЕЛЕМ помотивиран во дуелот со Алкалоид
Алкалоид 2-5 (1-3) ЕЛЕМ
Алкалоид: Оливер Христовски 18’, Милан Пеловски 35’
ЕЛЕМ: Антонио Тасев 9’, 33’, 39’, Петко Бушески 10’, Диме Милевски 16’
На самиот старт од натпреварот екипата на ЕЛЕМ влезе мошне мотивирано со сериозен пристап, што му овозможи до 15’ да стекне огромна предност од 3 гола. Кај Алкалоид беше воочлива опуштеност во играта и како да немаа доволно добри решенија во нападот во текот на целото прво полувреме. Во текот на второто полувреме екипата на Алкалоид се обиде со голман играч да се врати во натпреварот но искусниот ЕЛЕМ не го дозволи тоа, играше смирено се до самиот крај кога издвојува победа од 2-5.