Montenegro подобар од UNIQA во дербито на колото

Седмото коло во Бизнис лигата со убедлив триумф го заокружи Алкалоид против Контрола на летање, а Лукоил службено ја доби екипата на Dominos Pizza.

Montenegro подобар од UNIQA во дербито на колото

UNIQA 4-5 (2-2) Montenegro
UNIQA: Љуљзим Каштањева 4’, Арбен Нухиу 20’, Александар Петрушевски 29’, 32’
Montenegro: Даниел Настевски 11’, 27’, Ивица Јанковски 18’, 21’, 28’

Во дербито на колото целото прво полувреме помина во техничко-тактично надмудрување и на двете страни со доста висок ритам на игра. И двете екипи беа на висина на задачата, па со својата игра го оправдаа епитетот „дерби на колото“. Во целото полувреме водеа изедначена битка без простор за резултатско одлеупување, што може да се види по конечните 2-2 на полувремето. Екипата на Montenegro имаше перфектен влез во второто полувреме и оствари предност од дури 3 гола, но екипата на UNIQAсобра сили да се врати во натпреварот, но недоволно за целосен пресврт па го загуби со минимална предност од 4-5.

Лукоил 3-0 (сл.) Dominos Pizza

Алкалоид во свој ритам до победа над Контрола на летање

Контрола на летање 2-13 (1-5) Алкалоид
Контрола на летање: Фарук Мифтари 5’, 37’
Алкалоид: Александар Василевски 2’, Оливер Христовски 3’, 13’, 14’, 23’, 33’, Стефан Димовски 9’, Нико Този 24’, 29’, 29’, 35’, 37’, Николче Дамјановски 36’

Екипата на Алкалоид уште на самиот почеток го наметна својот препознатлив стил на игра кој изобилуваше со доста проигрувања и отворении шутеви кон голот. Контрола на летање го реализираше пеналот, но тоа не беше доволно да му парира во првото полувреме на расположениот Алкалоид, па така полувремето заврши 1-5 во корист на екипата на Алкалоид. Во второто полувреме Алкалоид не дозволи никакво изненадување, целосно ги имаше конците во своите раце за победа на овој натпревар од 2-13.

20 ноември 2014 - 10:05