БЛ 1-во коло (втор ден)

Вицешампионот не дозволи изненадување

На вториот ден од одигрувањето на натпреварите од првото коло на Бизнис лигата, вицешампионот UNIQA ја потврди фаворитската улога против МЕПСО, а победи славеа и екипите на Глобко Логистик и Гранит.

ЕВН не успеа да го покрие првото лошо полувреме против Глобко Логистик.
Глобко Логистик 4-3 (4-0) ЕВН
Глобко Логистик: Иван Стојановски 12', Душан Мојсовски 12', Денис Џајков 16', Зоран Велковски 20'
ЕВН: Патрик Караѓуле 25', Бојан Маџовски 26', 38'
Екипата на Глобко Логистик одлично го започна натпреварот против екипата на ЕВН со доста цврста одбрана која им овозможуваше да имаат брзи контранапади коишто успеваа да ги претворат во гол. На полувремето отидоа со висока предност од 4-0. Во вториот период екипата на ЕВН успеа да фати резултатски приклучок со два погодоци во низа. Се чинеше дека целото второ полувреме беше во знакот на ЕВН, но не можеа да ја надоместат разликата од првото полувреме, за на крајот екипата на Глобко Логистик да го добие натпреварот со 4-3.

Вицешампионот UNIQA не дозволи да биде изненаден од страна на МЕПСО.
UNIQA 5-1 (2-1) МЕПСО
UNIQA: Арбен Нухиу 10', 25', 38', Арбен Бајрами 13', Ибиш Мисини 28'
МЕПСО: Борис Трајковски 7'
Екипата на МЕПСО го отвори натпреварот постигнувајќи погодок во раната фаза (7'), но екипата на UNIQA за брзо време се врати во игра постигнувајќи два погодоци со што стекна гол предност на полувремето. Полувреме 2-1. Во второто полувреме попушти одбраната кај екипата на МЕПСО, додека пак екипата на UNIQA ги искористија сите нивни слабости за победа на овој натпревар од 5-1.

Гранит со повеќе среќа против ArcelorMittal.
Гранит 5-4 (1-2) ArcelorMittal
Гранит: Дарко Стојановски 16', 23', 40', Оливер Ангеловски 29', Пепи Мицев 31'
ArcelorMittal: Александар Зотиќ 1', Љупчо Шегмановиќ 11', Игорче Мирчевски 24', 35'
Во текот на целиот натпревар се играше гол за гол, доста изедначено. И двете екипи играа отворен фудбал со многу шанси за гол. Во текот на второто полувреме екипата на Гранит заигра нешто поцврсто во одбраната, со што направи мал притисок врз ArcelorMittal. Иако буквално до последната секунда беше нерешено, Гранит среќно постигна гол и стигна до победата. Крај на натпреварот 5-4. Полувреме 1-2.

15 октомври 2013 - 23:09