Осврт на третото коло од Телеком Бизнис Лигата

Во рамките на третото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија, најдобар стрелец беше Виктор Петровски (МЕПСО) со 4 гола, а екипа на колото е Адмирал.

Стрелци на колото:

1. Виктор Петровски (МЕПСО) – 4 гола, кој беше вистински лидер кај МЕПСО
2. Оливер Христовски (Алкалоид) – 3 гола, стандардно добар во редовите на Алкалоид
3. Димче Димитријески (ЕЛЕМ) – 3 гола, човек од одбраната кој внесе вистинска свежина во нападот
4. Пепи Мицев (Гранит) – 3 гола, погодуваше кога беше најпотребно за Гранит
5. Един Скендеровиќ (ТРАНСМЕТ) – 3 гола, даде свежина во нападот на ТРАНСМЕТ

Голман на колотоМарјан Цветковски (Лукоил), кој не само што беше одличен во својата примарна задача – чувар на голот на Лукоил, туку и постигна 3 гола за што го доби епитетот one man show.

Тренер на колотоДимче Лазаревски (ТРАНСМЕТ), авторитет кој успеа да ги смири играчите кога беше најпотребно.

Екипа на колотоАдмирал, не му дозволи на Македонски Телеком да направи пресврт и играјќи колективно дојде до посакуваната победа.

Играчи кои беа најкорисни за своите компании, како во делот на нападот, така и во делот на одбраната или allround играчи на третото коло се:

1. Живко Стојкоски (ТРАНСМЕТ)
2. Антонио Максимовски (Алкалоид)
3. Мартин Дамески (Халкбанк)

23 октомври 2015 - 09:10