ТРАНСМЕТ доминантен во градежното дерби
Гранит 4-11 (1-7) ТРАНСМЕТ
Гранит: Пепи Мицев 7’, 39’, Стеван Митревски 31’, 31’
ТРАНСМЕТ: Амер Скендеровиќ 9’, 36’, Игор Пејовски 13’, 17’, 20’, 34’, 38’, 39’, Тони Ѓуровски 19’, 19’, Марјан Талески 16’
Екипата на ТРАНСМЕТ уште на самиот старт прикажа одлична игра и најави апсолутна доминација во текот на целиот натпревар, што впрочем и ја оствари. Кај Гранит беше воочлива неповрзаноста во играта пред се во нападот, која резултираше со многу погрешни додавања кои ТРАНСМЕТ вешто ги искористуваше и доаѓаше до чиста позиција за гол, што впрочем резултираше со високи 4-11 на крајот од натпреварот.
Македонски Телеком рутинирано до победа над Контрола на летање
Контрола на летање 3-8 (1-4) Македонски Телеком
Контрола на летање: Фарук Мифтари 16’, 21’, Филип Милков 31’
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 5’, 5’, 36’, Петре Велигденов 15’, Бесник Рамуши 17’, 26’, Михајло Лазаревски 24’, Душко Симоноски 39’
Македонски Телеком против Контрола на летање ја искористи физичката подготвеност и долгогодишното искуство во Бизнис Лигата. Во текот на целиот натпревар играше своја игра со целосна контрола врз натпреварот не давајќи во ниеден момент победникот во овој натпревар да биде доведен во прашање. Полувреме 1-4. Крај на натпреварот 3-8.
ЕВН на крилата на Трајан Аџиев до победа над Доминос Пица
ЕВН 10-4 (6-3) Доминос Пица
ЕВН: Дарко Милошески 3’, 29’, Трајан Аџиев 4’, 12’, 13’, 19’, 19’, 32’, 34’, 34’
Доминос Пица: Андреј Матевски 3’, 20’, Оливер Младеновски 15’, Боби Златановски 40’
Екипата на ЕВН пролетниот дел го започна во одличен ритам кој го демонстрираше и во овој натпревар против екипата на Доминос Пица. Играа одличен фудбал, пред се во делот на одбраната која им овозможуваше да имаат брз и течен напад кој Доминос Пица не можеше да го сопре. Имаа целосна контрола врз играта што им овозможи победа на овој натпревар со 10-4.