Своите компании до победа ги водеа Ивица Димишковски кај екипата на Гранит со постигнати 3 погодоци, Арбен Нухиу кај екипата на UNIQA со постигнати 4 погодоци, Оливер Младеновски кај екипата на Dominos Pizza со постигнати 3 погодоци и Никола Костовски кај екипата на Eurolink со постигнати 3 погодоци, додека најдобар 5-ти играч за ова коло е Даниел Боневски кај екипата на SISTINA со постигнати 2 погодоци.
За тренер на 12-тото коло е прогласен тренерот на екипата на UNIQA – Борче Богески, а голманот од истата екипа - Елтон Трајко – е најдобриот голман за ова коло.
За екипа на колото е прогласена екипата на ЕЛЕМ која покажа како се оди до победа со колективна и борбена игра.