Лукоил преку колективна игра до победа над Алкалоид

Екипите на UNIQA, ЕВН и Лукоил славеа победи во вториот ден од петтото коло во Бизнис лигата на Македонија.

Каштањева имаше своја вечер за победа на UNIQA над Гранит

Гранит 7-10 (4-7) UNIQA
Гранит: Оливер Ангеловски 3’, Стеван Митревски 4’, 22’, 39’, Пепи Мицев 7’, 20’, Дарко Стојановски 30’
UNIQA: Александар Петрушевски 4’, 29’, Арбен Бајрами 8’, 19’, 38’, Љуљзим Каштањева 10’, 13’, 14’, 14’, 25’

Екипата на Гранит перфектно го отвори овој натпревар, не само што имаше добри акции туку имаше и добра реализација. Но екипата на UNIQA не дозволи Гранит резултатски да се одлепи, постигна 2 погодоци и во средината на полувремето го намали водството од само еден гол во полза на Гранит, се додека не проработе Љуљзим Каштањева кај UNIQA кој имаше маестрална вечер, зеде се во свои раце и ја доведе UNIQA до водство од 4-7 на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат доста офанивно со перфектно изработен напад. Но екипата на UNIQA не дозволи Гранит да им ја сруши позитивата од првото полувреме која вешто ја чуваа во текот на целото второ, па го добија овој натпревар со 7-10.

ЕВН преку ArcelorMittal до прва победа

ArcelorMittal 4-7 (1-2) ЕВН
ArcelorMittal: Игор Мирчевски 6’, 24’, Методија Миовски 23’, Александар Зотиќ 38’
ЕВН: Патрик Караѓуле 7’, 11’, Бранко Аврамовски 21’, Марјан Ристов 24’, 29’, 31’, Дарко Милошески 26’

Натпреварот помеѓу ArcelorMittal и ЕВН го отвори екипата на ArcelorMittal со гол уште во раната фаза од натпреварот, за да по само една минута дојде до целосен пресврт и со два гола ЕВН прејде во водство кое го одржаа до самиот крај на првото полувреме. Во второто полувреме екипата на ЕВН целосно ја презеде иницијативата, напаѓаше со голман играч за која игра ArcelorMittal немаше соодветен одговор, па на крајот ЕВН славеше со 4-7.

Лукоил преку колективна игра до победа над Алкалоид

Алкалоид 2-5 (2-3) Лукоил
Алкалоид: Дарко Стефков 10’, Оливер Христовски 13’
Лукоил: Марјан Цветковски 3’, Владимир Секулоски 7’, Жарко Климкаров 10’, Дејан Зиков 27’, 30’

Првото полувреме и двете екипи го отворија доста офанзивно со одлично поставен напад преку кој успеаа да дојдат до добра реализација. Ваквата игра траеше до 13’ кога почна да се игра затворен фудбал и на двете страни, што не дозволуваше лесна реализација, па на крајот екипите останаа со головите постигнати во првите 13’. Полувреме 2-3. Во второто полувреме екипата на Лукоил со два гола направи резултатска разлика која екипата на Алкалоид се обиде да ја анулира со голман играч, па го загуби овој натпревар со 2-5.

5 ноември 2014 - 09:52