Алкалоид со смирена игра до победа над Шпаркасе

Во вториот дел од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија победите славеа екипите на Алкалоид, Еуролинк и Глобко Логистик.

Алкалоид со смирена игра до победа над Шпаркасе

Алкалоид 6-3 (4-1) Шпаркасе
Алкалоид: Николче Дамјановски 8’, 38’, 39’, Стефан Димовски 12’, Оливер Христовски 18’ , Дарко Стефков 19’
Шпаркасе: Филип Чижбановски 9’, 23’, Иван Стојановиќ 27’

Шпаркасе и Алкалоид одиграа прво полувреме во кое демонстрираа исклучително квалитетен фудбал, пред се во делот на нападот каде што преку одлично воиграни акции успеаа да дојдат до атрактивни голови. Алкалоид пред се на поефикасната реализација успеа да дојде до поголем резултат од 4-1, со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме екипата на Шпаркасе успеа со 2 погодоци да се врати во натпреварот, но Алкалоид со чести измени го одржа ритамот и не дозволи изненадување на овој натпревар, па го доби со 6-3.

Еуролинк фуриозно против МЕПСО

МЕПСО 3-9 (1-4) Еуролинк
МЕПСО: Никола Несторовски 6’, 39’, Златко Ацевски 36’
Еуролинк: Дарко Кадински 9’, 17’, 34’, Ивица Стефковски 14’, 24’, 38’, Наумче Стојчевски 20’, 32’, 33’

Иако овој натпревар го отвори МЕПСО уште во 6’ со гол, Еуролинк не падна во играта, напротив како да доби елан, па заигра во свој стил и имаше целосна контрола во текот на полувремето, што може да се види и по резултатот на полувремето 1-4. И во второто полувреме Еуролинк продолжи во ист ритам и покрај обидот на МЕПСО со голман играч да направи нешто повеќе, за да на крајот Еуролинк слави со 3-9.

Глобко Логистик во неизвесен натпревар ја совлада УНИКА

Глобко Логистик 5-4 (4-2) УНИКА
Глобко Логистик: Иван Стојановски 1’, Александар Божинов 5’, 7’, 20’, 25’
УНИКА: Ибиш Мисини 10’, 16’, 36’, 37’

Првиот период од првото полувреме во целосно му припадна на Глобко Логистик кој оствари предност од 3 гола, но искуството на УНИКА дојде до израз па по само неколку минути резултатски се врати во игра, што кај Глобко Логистик сигнализираше за поцврста игра во одбраната која резултираше со водство на полувремето од 4-2. Идентична слика и во второто полувреме, Глобко Логистик беше супериорен, но мора да напоменеме дека екипата на УНИКА настапи со нецелосен ростер на играчи. Крај на натпреварот 5-4.

4 март 2015 - 09:40