Шестиот ден од јуни во 1993-та година, пред 27 години, ќе се памети по тоа што на тој ден во полскиот град Вроцлав, последен пат баскетот го тапкаше еден од најголемите европски кошаркари на сите времиња.
Откако Мурињо ја отстрани привремено од екипата затоа што влезе на теренот да му пружи помош на Еден Азар против Свонси, Ева Карнеиро реши да го напушти и тужи Челси.
Започна седмото коло од Бизнис лигата на Македонија. Првиот ден од ова коло го одбележа голеадата на Ивица Јанковски од Montenegro кој постигна шест гола против Општина Карпош.
Во понеделникот вечер Германскиот фудбалски сојуз (DFB) објави: На Евро2020 репрезентацијата на Германија ќе ја води селекторот Јоаким Лев и нема никакви промени. Ова е дополнителен удар на интересот на германската јавност за бундестимот.
Ќе го памети Манчестер и градот и клубот, а посебно тие проклети пенали кои не го сакаат и не го сакаат. Судиското продолжение му стана ноќна мора последниве две години и токму во тие последни мигови остана и можеби и ќе остане без трофејот кој му фали во кариерата.
Целта на транс-јадранскиот гасовод е да обезбедува руски гас „за секое ќоше на ЕУ“ и како таков неговата изградба ќе биде платена 4,5 милијарди евра. Како ретко кога проблем за завршување на проектот не се пари, туку маслинки.
Бидејќи во славеничката кореографија на головите влегуваат само стомачните мускули, Кристијано Роналдо на ова Светско кога шутира од прекин сака да ни покаже дека е развиен и на нозете. Тоа е сосема доволен материјал за Твитер заедницата.
Како никогаш до сега Џиџи Буфон се појави пред медиумите со жесток напад врз судијата, без влакна на јазикот, гневен и убеден дека не заслужил да го суди овој меч. Роналдо не разбира зошто се бунеле.
Второто коло од Бизнис лигата на Македонија со победи го одбележаа ФАКОМ против АрцелорМиттал и Халкбанк против ЕВН. Алкалоид и Македонски Телеком ги поделија бодовите.
Ненад има 130 кила и од него се претпоставува дека нема појак голман на вага. Соиграчите не го зезаат дека е дебел, бидејќи по нивните грешки во одбрана, тој го спасува голот. Вториот по дебелина во Република Српска треба да јаде уште многу леб за да го стигне.
На вториот ден од одигрувањето на натпреварите од првото коло на Бизнис лигата, вицешампионот UNIQA ја потврди фаворитската улога против МЕПСО, а победи славеа и екипите на Глобко Логистик и Гранит.
Ајакс прво ја понижи Борусија Дортмунд во Амстердам со 4:0 кога Халанд се повреди на тој меч, а на реваншот Германците не се одмаздија, напротив изгубија 1-3 иако водеа 1-0 скоро до 72' минута. Во првиот дел од мечот Матс Хумелс доби црвен картон буквално за никаков контакт со Бразилецот Антони.
Во сенка е на Левандовски и важи за еден од најпотценетите, кој пали и гаси како играч од среден ред, крило, втор напаѓач, најистурен напаѓач. Универзален фудбалер кој повеќе од заслужено го има статусот на клупска легенда.
Не е дека имаме некаква друга претстава за Трамп. Трамп е егоистичен расист шовинист кој, во рационален свет, не би требало да има каква било власт. Ама па од друга страна, не би требала ни Хилари Клинтон.
Од една страна земјите членки бирократски се ограничени колку можат да трошат државни пари, од друга страна истите тие се во постојана „трка кон дното“ кој ќе обезбеди пониски даноци на приход и пониски плати.
Два гола против Рома, три против Лацио, четири против Јуве. Кој би рекол дека еден ваков Милан кој веќе неколку години од далеку ги гледа местата за пласман во ЛШ, може да приреди ваква серија, особено ваков дрзок пресврт против владетелот на титулата од 2012-та.
Ние ќе ви дадеме нешто пари за вие да си играте мини Шенген и малку да подзаборавите дека не ве примаме во друштво а сиромаштијата во регионот се остава во рацете на властите и ним блиските олигарси. Закони со европски знаменца тука не помагаат.
Нема да погрешиме ако кажеме дека Германците ја имаат можеби најфудбалската култура во Европа. Од неодамна ги прешишаа и Англичаните во посетеност а секој викенд прават работи за кои останатите земји од континентот може само да им завидуваат.
Наполитанците уво не ги боли што денес и утре ќе има Лига на шампиони. Тие веќе два дена уживаат во моментот што успеаа на гости да го тепаат Јуве и да му се приближат на -1. Од херојот кој скокна во 90-та минута веќе може да се купи и статуетка. Инаку на социјалните мрежи е доста забавно после големата победа.