Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Уште за синот на Талат да ги обвинат Русите

13 декември 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Заканите за поставени бомби се дел од хибридната војна што ја води Русија, смета професорот Никола Дујовски.

  • Иако сме членка на НАТО и дел од заедничкиот одбранбен бедем на најмоќната воена алијанса на светот, тој смета дека „можноста во овој момент да откриете од кое точно место во Русија се испраќаат овие закани е еднаква на нула“.

  • Според Деканот на факултетот за безбедност, и оваа хибридна закана има за цел да создаде „страв и паника кај граѓаните“. Истиот човек, веројатно за да нема „страв и паника кај граѓаните“ пред некое време побара „во случај на нуклеарен напад, секој граѓанин да добие медицински пакет кој ќе содржи јод.“ 

  • Професорот Никола Дујовски застанува на чело на Комисијата за внатрешни работи на СДСМ, пишаа лани медиуми.

  • Дујовски уште пред три години беше избран за прв човек на групата за ветинг во МВР, кога се најавуваше дека тоа ќе биде првата држава институција во која ќе се спроведе „долгоочекуваниот ветинг.“

  • Медиуми забележаа дека истата година, во истото министерство била вработена неговата сопруга.

  • Канселираниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски кој откри серија незаконски унапредувања во наставно-научни звања на високи јавни владини функционери (Арбер Адеми, Агим Нухиу...) во отвореното писмо до „премиерот Заев и вториот премиер Ахмети“, обвини дека и изборот на доцент Никола Дујовски во вонреден професор е незаконит. 

извор

500 француски школи се затворени поради протестите

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Околу 500 средни училишта во Франција се затворени заради протестите на учениците во нивните лицеи кои минатите денови знаеја да бидат и насилни. 
  • „Безбедносните услови не се исполнети“ гласи официјалната причина за неработењето, особено што за утре се најавени и помасовни протести. 
  • 24 училишта биле запалени или ограбени а 78 вработени  повредени од почетокот на протестите.
  • Тинејџерите од француските средни училишта се жалат на чести отсуства од работа од страна на наставниците, предолги училишни денови и дотраени објекти. Тие протестираа и поради недостатокот на соодветно ладење во жешките летни денови.
извор

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Во еден од становите на пониските катови живее една мајка со нејзините два сина. Таа е одамна изморена, со длабоки бразди околу очите и раце што ги носат сите белези на десетлетија поминати во грч. Мајка која предолго молчи и премногу простува.
  • Едниот син, љубимец на одамна починатот татко, е локалниот маалски лик. Фаворизиран, а всушност полуписмен, но неверојатно гласен.  Другиот син е негов антипод. Тивок човек, грижлив, трпелив и необично мудар за своето време.

  • На најгорниот кат, во пространиот, совршено осветлен пентхаус, живее еден Господин. Води ексклузивен, привилегиран социјален клуб за одбрани станари. Сака сите станари од зградата конечно да станат дел од тој клуб, за да се создаде една „елитна заедница“, отпорна на провинцијализам и мирис на евтина кујна.
  • Господинот е врвен пресметлив манипулатор. Проценувајќи го секој стан одделно, тој прави непогрешлива дијагноза и за ова семејство. Истрајниот, син е премногу горд и проницлив, не подлегнува лесно на уцени, заклучува тој. Затоа, својата стратегија ја насочува кон попречниот, плиток и поткуплив син, зависникот.
  • Господинот знае дека корисниот идиот е најкорисен кога не е свесен за сопствениот идиотизам па затоа смислено го велича, му подидува и го бодри.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Самоил и дупките

Балканштина
2

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
3

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
4

Зденка цела да е

Македонштина
5

Мирисот на Мосад

Разно
6

Поетски толкувања

Балканштина
7

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
8

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
1

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
2

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
5

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

6

Америка ги повлече сите свои бомбардери од Британија

7

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

8

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Разно
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Женски шовинистички свињи

Едреникот со кој отплови Лу

Време е Македонците да послушаат еден Германец

Дамоклова бандера

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy