Проклетствата на Буфон во ЛШ

Ќе го памети Манчестер и градот и клубот, а посебно тие проклети пенали кои не го сакаат и не го сакаат. Судиското продолжение му стана ноќна мора последниве две години и токму во тие последни мигови остана и можеби и ќе остане без трофејот кој му фали во кариерата.

Како вчера да беше она долго озборувано четвртфинале во ЛШ кога Јуве после пораз на домашен терен од 0:3, му реплицираше со истиот резултат на Реал среде Бернабеу и го делеа само неколку мигови од продолженија два пати по 15 минути.

Но во судиското продолжение Реал Мадрид доби пенал кој Кристијано Роналдо го претвори во гол вреден полуфинале. Во тој момент се скрши сонот на Џиџи Буфон наречен ЛШ за кој мечтае 20 години. Со денови се коментираше и онаа негова изјава против судијата Мајкл Оливер.

Една сезона подоцна, нова слична ситуација и одново елиминација за легендарниот голман овој пат во дресот на ПСЖ. Повторно со пенал и повторно во судиско.

Елиминации кои колку и да сака Џиџи не може да ги заборави, како што нема да ги заборави ниту пеналите во Манчестер на Олд Трафорд во 2003-та кога беа елиминирани од Милан. Последниот пенал го шутираше Шева со тоа исплашениот поглед.



Џиџи освои сè во кариерата и првенства и Купови и Светско со Италија, но ниту тоа што го смени дресот на Јуве со оној на ПСЖ не му донесе среќа во ЛШ.

Покрај она против Милан, загуби уште две финалиња од гигантите Барса и Реал. Во 2015-та во Берлин (3:1) и две години подоцна во Кардиф (4:1).

Ова се сите пласмани на 41 годишната легенда во ЛШ:

2002/03 финале
2003/04 1/8 финале
2004/05 1/4 финале
2005/06 1/4 финале
2008/09 1/8 финале
2009/10 1/8 финале
2012/13 1/4 финале
2013/14 групна фаза
2014/15 финале
2015/16 1/8 финале
2016/17 финале
2017/18 1/4 финале
2018/19 1/8 финале

7 март 2019 - 15:14