Легендарниот голман на Јуве доби црвен картон во 93-та минута, прв на 117 настапи во Лигата на шампиони и целосно изнервиран од судиската одлука замина во соблекувалните.
Пред микрофонот на Медиасет, Џиџи удри силно по судијата Мајкл Оливер
„Моментот во 93-та минута беше сомнителен после првиот меч на кој не ни дадоа чист пенал на крајот. Потребна е дрскост за да му го оствариш сонот на тимот кој ја остави душата на терен. Ако имаш дрскост да свирнеш таков пенал во 93-та, тогаш не си човек, туку животно.Овој судија нема соодветен карактер (капацитет) за да ги суди овие фази. Ако немаш карактер седи си со жена ти на трибина, јади помфрит и не го суди овој меч. Не можеш да влијаеш така на еден меч кој беше епски и не можеш да досудиш една сомнителна ситуација, треба да имаше чувствителност за да ја разбереш катастрофата што ја правиш.Во прашање е чувствителност, не знаеш кај си, кои екипи играат, едноставно за к.р не те бива. Реал Мадрид заслужи да помине и ќе ја освои Лигата на шампиони, јас им честитам, многу голем тим се, но ние заслуживме да играме продолженија“.
Кристијано Роналдо пак кој излезе херој на мечот не разбира зошто играчите на Јуве протестирале кај судијата.
„Лукас Васкез беше турнат на земја, пеналот е чист. Зошто протестираа не разбирам? Бенатиа и другите дефанзивци за време на цел меч не тепаа од позади. Тоа е нивниот начин на играч. Реал требаше да даде два гола, но тие беа подобри во тоа, додека ние сме вистинските победници.Што почувствува кога застанав да го шутирам пеналот? Пулсот беше малку повисок, но се обидов да останам смирен. Знаев дека мојот пенал ќе биде клучен и фала му на Господ го постигнав. Многу страдавме на овој меч и тоа мора да го признаеме. Ова мора да ни биде поука, бидејќи во спортот секогаш треба да се борите до крај“.