Германската фудбалска култура е чудо

Нема да погрешиме ако кажеме дека Германците ја имаат можеби најфудбалската култура во Европа. Од неодамна ги прешишаа и Англичаните во посетеност а секој викенд прават работи за кои останатите земји од континентот може само да им завидуваат.

На мечот од 14 коло во третата германска Бундеслига, некогашниот стандарден прволигаш Карлсруе за последен пат играл на својот стадион „Вилдпаркштадион“.

На оваа домашна арена дошле 23.500 луѓе за последен пат да се поздрават со местото кое секој викенд им носело убави моменти.

Навивачите на Карлсруе приредиле фантастично пиротехничко шоу:

После оваа прекрасна бакљада, навивачите ја испеале клупската химна, се поздравиле со легендите на клубот а сегашните играчи излегле на терен со банер: „Фала Вилдпаркштадион“

YouTube каналот на Карлсруе објавил 10-минутно видео од простувањето со стадионот:

На трибините каде стојат најверните навивачи се појавиле интересни банери со најважните моменти од клупската историја:

После мечот против „Вирцбургер Кикерс“ на кој Карслруе славеше со 2:1, навивачите си понесоа по некој спомен од стадионот:

Новиот стадион на Карслруе е веќе готов и клубот ќе се префрли таму. Изградбата чинела 113 милиони евра а комплетната сума ќе се исплаќа до 2020 година.

Оригиналниот „Вилдпарк“ бил изграден во 1955 година. Најголемиот натпревар во историјата кој навивачите ќе го паметат за секогаш е страшната победа од 7:0 над Валенсија во 1993 година.

Во составот за тој меч биле Оливер Кан и Сергеј Кирјаков.

5 ноември 2018 - 12:55