Добро, дали беше реален судијата со црвен картон за Хумелс за ништо?

Ајакс прво ја понижи Борусија Дортмунд во Амстердам со 4:0 кога Халанд се повреди на тој меч, а на реваншот Германците не се одмаздија, напротив изгубија 1-3 иако водеа 1-0 скоро до 72' минута. Во првиот дел од мечот Матс Хумелс доби црвен картон буквално за никаков контакт со Бразилецот Антони.

Судијата Мајкл Оливер, познат по спорни арбитражи, го послуша ВАР на слушалките иако во ВАР собата како да не виделе дека нема никаков фаул и намера за фаул кај Хумелс.

Ова беше прв црвен картон за Хумелс во меч од Лига на шампиони во кариерата.

Навивачите на Борусија Дортмунд, како Жозе Мурињо во 2017-та, бараат од англискиот судија да оди на тест за познавање на фудбалските правила.

Некои, пак, имаа објаснување за црвениот картон на Матс Хумелс:

Дортмунд со играч помалку постигна гол од пенал кој го добија со ВАР по фаулот на Белингем. Ама гостите после тргнаа офанзивно, направија пресврт за победа и освоија веќе 12 бода со кои се во осминафинале. Дортмунд без Хумелс ќе игра клучен меч со Спортинг Лисабон за пласман во 1/8 финале. И двата тима имаат по 6 бода.

4 ноември 2021 - 08:45