Шест минути. Еднаш против Ливерпул беа фатални. Овој пат ги кренаа до небо навивачите на Милан. Се разбира дека натпреварите се неспоредливи.
Не беше ова финале во ЛШ, туку победа против Јуве во првенство која нема да смени ништо драстично, но ќе им донесе ќеиф што го совладаа ривалот во голем стил, кој инаку имаше меч поинт за Скудето по киксот на Лацио во Лече.
Со оглед на позицијата на која се наоѓаат, најдоброто што може да го остварат на крајот од оваа сезона е место во Лига Европа, но како и да е ваков пресврт против Јуве, а претходно победи против двете екипи од Рим не е воопшто лошо за Милан. Исто како и задоволството на Ибрахимовиќ да го гледа поразен Роналдо во меѓусебен дуел.
Сигурно сите што синоќа го гледаа дербито на колото, се прашуваа кога Јуве последен пат примил 4 гола? Па уште и сите во второ полувреме за само 18 минути од кои првите три за пресврт од 62-ра до 67-ма минута.
Тоа е лош датум за Старата дама, бидејќи се работи за 3 јуни 2017-та, денот кога го загубија финалето во Лига на шампиони од Реал Мадрид со 4:1. Роналдо тогаш играше од спротивниот тим, а Буфон не можеше да се помири за досудениот пенал и сакаше да го задави Оливер.
Една година претходно 4 примија и од Баерн Минхен, исто така во ЛШ но во продолженија.
Последен пат тоа им се случило во Серија А на 20 октомври 2013-та, веројатно една од најслатките победи на Фиорентина, која исто како Милан од 0:2 им се врати на 4:2.
За Јуве стрелаа Тевез и Погба, но за епски пресврт се погрижи Џузепе Роси со хет-трик, како и гол на Жоакин.
Одиме прво со головите од синоќа
А потоа и со тој голем пресврт на Фиорентина