Во резултатски прилично неважен натпревар од квалификациите за Европско првенство на кое и двете селекции обезбедија пласман, Словенците ги победија соседите со 94:90 но и двете репрезентации обезбедија карта за Европското. Во таа група во полскиот град Вроцлав беше и нашата репрезентација, заедно со Естонија и Романија. Македонија имаше 3 порази на 3 меча.
И покрај тоа што хрватските репрезентативци лесно и опуштено влегле во дуелот затоа што веќе го обезбедија пласманот, Дражен играл максимално ангажирано, постигнал 30 поени од кој последниот од едно од двете слободни фрлања на 40 секунди пред крајот. Наводно после мечот тој им замерил на соиграчите што дозволиле да изгубат (тој за овој меч дошол по повреда на коленото).
После овој натпревар, најдобриот хрватски кошаркар на сите времиња, Дражен Петровиќ решава да не преспие со репрезентацијата во полскиот град Вроцлав па со нив да замине за Франкфурт, туку решава со кола да тргне за Германија со девојка му Клара Салатни, германска манекенка (подоцна се омажи за Оливер Бироф).
Автомобилот го управувала Клара и на автопат во Баварија, во еден момент удира во камион. Клара ја преживува сообраќајната несреќа, но Дражен Петровиќ кој во тој момент спиел, не го преживеал тешкиот удар.
На последниот меч во животот, Дражен Петровиќ уфрли 30 поени против Словенците и тогаш ја надмина бројката од 1.000 поени во репрезентацијата на „коцкестите“.
Петровиќ имаше неполни 30 години кога загина. Во својата клупска кариера играше за Шибенка, негов прв, матичен клуб, а потоа се прослави во Цибона, Реал Мадрид, пред да замине преку океанот каде играше во Портланд Трејл Блејзерс и Њу Џерси Нетс.
Инаку Дражен Петровиќ забележал 40 настапи за Хрватска. За мечот против Македонија иако бил во ростерот, тој не влегол во игра. Исто не играл само уште против Аангола на Олимписките Игри во Барселона 1992. Постигнал 1.004 коша за Хрватка и е на 9-то место на вечната листа најдобри стрелци во хрватската репрезентација. Прв и натаму е Дино Раѓа со 1.764 коша.