- „Криминалци бркаат полицајци. Упаѓаат вооружени во полицијата во Арачиново и полицајците бегаат, биле избркани од полициско одделение.Четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да заминат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола. Сопреле возило без валидни документи“, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
- „Немаме пријава од полициски службеници, ниту од граѓани дека имало напад, па макар и вербален. Но, има пријава за недолично однесување на полицајците коишто биле на терен. Се вршат проверки од страна на крим-полиција и внатрешна контрола на МВР, вели министерот Оливер Спасовски.
- Последните вести од Арачиново беа дека:
- тоа е општина која поторшила пет пати повеќе струја од лани; дека...
- Општината што не собира данок на имот доби над 1 милион евра субвенции од буџетот; дека...
- Екс првата дама на Арачиново оди во инспектори; дека....
- Арачиново е една од општините во кои се краде струја колку што трошат три града како Охрид, Прилеп и Гевгелија; дека....
- Арачиново 20 години не наплаќало данок на имот зашто немале софтвер; дека....
- Полицајците во Арачиново не казнуваат оти немале казни; дека...
- Дека Владата на Заев на Арачиново му даде половина милион евра „помош за ковид“ откако во Арачиново не беше најдена сета марихуана која беше украдена од Јосифово...
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.