Американската таблица со "Прехранбени факти" која е задолжителна на секоја можна пакувана храна што се продава и произведува во земјата, ќе добие редизајн кој ќе треба да биде воведен до јули 2018-та. Една од најголемите промени во редизајнот - колку шеќер има додадено во производот.
Уште неизлезена, една биографија на Ентони Бордејн која се занимава со неговите последни денови и расположенија ги вознемири членовите на неговото семејство и пријателите. Биографот вели дека живототот на овој хедонистички Одисеј во скинати фармерки е уште потсетување на старата „пази што посакуваш....“
Целта на транс-јадранскиот гасовод е да обезбедува руски гас „за секое ќоше на ЕУ“ и како таков неговата изградба ќе биде платена 4,5 милијарди евра. Како ретко кога проблем за завршување на проектот не се пари, туку маслинки.
Не е дека имаме некаква друга претстава за Трамп. Трамп е егоистичен расист шовинист кој, во рационален свет, не би требало да има каква било власт. Ама па од друга страна, не би требала ни Хилари Клинтон.
Од една страна земјите членки бирократски се ограничени колку можат да трошат државни пари, од друга страна истите тие се во постојана „трка кон дното“ кој ќе обезбеди пониски даноци на приход и пониски плати.
Ние ќе ви дадеме нешто пари за вие да си играте мини Шенген и малку да подзаборавите дека не ве примаме во друштво а сиромаштијата во регионот се остава во рацете на властите и ним блиските олигарси. Закони со европски знаменца тука не помагаат.
Уште на почетокот од јануари годинава, Ролинг Стоун и Вајс објавија статии за тоа колку ќе биде ужасна 2016, наведувајќи природни катастрофи во Лос Анџелес, судирот во Сирија, поп-култура и слично. Дури и они не можеа да го предвидат Дејвид Боуви.
По 20-годишна врска, раководството на Хуавеи на 14 јули преку телевизија дозна (Британскиот собраниски канал) дека британските власти ги прекинуваат врските со компанијата околу 5Г системи и технологија.
Компанијата годишно троши 1% од светската дрвена граѓа за изработка на својот мебел, кој пак се продава според законитостите на економијата карактеристична исклучително за Икеа, силно базирана на нивниот сезонски каталог.
Преку целиот сајт да ви стоеше икона дека сајтот се полни, дали се уште ќе бевте тука? Утре, 10-ти септември е глобален "Interneт Slowdown" ден. Може секој да се приклучи кон протестот против забавувањето на интернетот, симболично, но видливо.
Ајн Ранд родена во Санкт Петербург, мажена и умира во Њујорк, е еден од водечките американски гласови за идејата дека во општеството има "создавачи" (во смисла богаташи) и "зимачи" (во смисла сиромашни и социјални случаи), a "зимачите" се паразити кои само им стојат на патот на морално-супериорните иноватори, зборови што ни самиот Трамп, ниту па неговите колеги, не би можеле подобро да ги смислат.
Очекувавме рокерите да бидат некаква свест и совест во тешките времиња. Напротив, повеќе од нив се покажаа како бедни малограѓани и конформисти а оние кои нејќеа да одат во табори реагираа смотано и незграпно. Од друга страна, народњаците од својата „ниска“ култура изреагираа подобро и поболно дури и од некои нагласено урбаните автори.
Во општата рецензија на 2015-та во која ФБ анализира за што најмногу дискутирале нивните корисници, посебна ставка имаат и телевизиските серии. Нивниот распоред на листата излгеда вака:
Веројатно никогаш во историјата на САД немало толку богаташи во една влада, а според бројките од Форбс, Доналд Трамп чие богатство се проценува на 3,7 милијарди долари не е ни најбогатиот член на владата која од јануари 2017 треба да го преземе управувањето со САД.
За да го разбие митот за уживателите на марихуана како "таму некои лузери", американска организација која го бутка проектот за легализација на користењето на ова растение објави импозантна листа на влијателни луѓе од политиката, науката, бизнисот и забавата кои некогаш или се уште пафкаат. Кријте ја веста од спортски коментатори, ќе ни се шокираат и ќе ни се мајке наебат.
Почна со видеа со мачки, стана алтернатива на телевизијата, а во следната итерација се очекува дека ќе се врати како исполирано, корпоративно изедначено воскресение на телевизијата.