10. ДАНОК НА БРАДА
Го вовел евроцентричниот руски цар Петар Велики во обид да ги смени хигиенските навики на машкиот (понекогаш и женскиот) дел на рускиот народ. Доколку некој инсистирал на својата брада, освен што ќе плател данок, морал на градите да носи и беџ на кој пишувало дека носењето брада е глупа работа.
9. ЛЕГАЛЕН ДАНОК НА ИЛЕГАЛНА ЗАРАБОТКА
Иако е глупо да очекуваш оние кои се занимаваат со криминална дејност регуларно да ја пријават таквата заработка, американскиот IRS има токму таква одредба. ...илегалниот приход, како што се парите од продажба на дрога, мора да бидат пријавени во даночната листа, во формуларот 1040, ред 21.
8. ДАНОК ЗА ОТПУШТАЊЕ РОБОВИ
Во стариот Рим, доколку некој сакал да пушти на слобода свој роб, за тоа требал да плати данок. И не само тој, на истиот данок подлежел и ослободениот роб.
7. ДАНОК ЗА НЕСОГЛАСУВАЊЕ СО ВЛАСТА
Го вовел Оливер Кромвел за да се справи со ројалистите кои не можеле да се помират дека нивното време поминало. Од парите кои им ги собирал оформил милиција специјализирана за справување со бунтовното племство. Барем знаеле каде им одат парите.
6. ДАНОК НА ПОСТОЕЊЕ
Обично власта го оданочува тоа што го имаш. Или немаш. Во 14-от век во Англија бил воведен данок кој се темелел на способноста да си жив. Данокот бил прилично драконски што довело до серија незадоволства познати како Селанска буна.
5. ДАНОК НА НОБЕЛОВА НАГРАДА
Нема врска што се добиле награда за, како што рече самиот Алфред Нобел, "најголема добробит на човештвото". Доколку сте Американец, наградата ќе ви биде регуларно оданочена од IRS. Сепак, постои начин да се избегне овој данок. Само еден начин. Да се откажете од наградата и да ја предадете или на некоја хуманитарна организација или на самата влада.
4. ДАНОК НА СТРАНЦИ
Тоа што ваков данок, во различни форми имале повеќе земји, не значи дека не е глупав. Најдолго траел во Канада, од 1885 до 1923 година и важел за кинеските имигранти.Бил укинат не затоа што Канаѓаните пуштиле срце туку затоа што во 1923 година комплетно било забрането влегувањето на Кинези во земјата.
3.ДАНОК НА ОЏАК
Откако прописно оданочила се што постои како имот, Англија во 1660-та година почнала да оданочува и посебни делови од имотот. Еден од нив бил, ако имаш оџак, плаќаш екстра. Тоа ги натерало сиромашните селани да почнат да си ги уриваат оџаците што предизвикало масовни пожари во земјата.
2. ДАНОК ШТО НЕ СИ УБИЕН
Многу земји во историјата биле принудени да им плаќаат срамни и понижувачки даноци на други земји. Најдрастичен пример, на своите саксонски земјаци, им понудил англискиот крал Етелред (познат како "Ethelred the Unready") кој цел живот го минал како марионета на Данците. Неговиот данок е наречен "The Danegeld" и значи баш тоа: данок заради тоа што не си убиен од Данците.
1. ДАНОК НА СОЛ
Обична, готварска или друга сол. Звучи банално но данокот на солта предизвикала неколку битни историски дешавки. Се смета дека овој данок бил делумно виновен за паѓањето на кинеската империја, дека во една друга ера помогнал да се разгори француската револуција а и Ганди лично протестирал против овој закон, што било повод да се консолидира движењето за независност на Кина. Доколку некоја Влада сака да уфрли нов данок а да не дигне многу џева, солта не е паметно решение.